Трудниците најчесто страдаат од утрински мачнини и болки во грбот, но малку од нив слушнале за dysgeusia или проблеми со вкусот.

- Ова е изненадувачки честа појава, најчесто предизвикана од промените со хормоните во бременоста, што може да резултира со отсуство на вкус или пак изменет вкус, како појава на метално или горчливо чувство во устата – вели Стејси Нелсон, нутриционистка во болница во Бостон.

Еве како можете да се борите со оваа состојба:

Јадете кисело. Маринирајте го месото во соја сос, оцет, цитрусни сокови (зависно од видот месо) бидејќи киселата храна предизвикува лачење на плунката. Друга идеја е да пиете вода со неколку капки лимон, лимонада, цитрусни сокови и сл. Замената на сребрените садови и прибор со пластични исто така може да помогне.

Додајте сол. Ако сте чувствителни на благо, додајте малку сол за да ја избалансирате храната како кандирано овошје или џем. И разгледајте ја опцијата да јадете солени грицки како и сирење, путер со кикирики или маслинки.

Сменете ги витамините. Прашајте го лекарот за можноста да ги замените витаминските шумливи таблети со таблети кои се џвакаат. Можеби полесно ќе ги поднесувате.

Често четкајте ги забите. Со четката освен забите поминете го и јазикот потоа добро исплакнете со раствор од сода бикарбона (додајте ¼ лажичка сода во 1 чаша вода) што ќе помогне да се неутрализира pH нивото во устата.

Јадете само она што ви годи. Не се чувствувајте виновни ако не можете често да јадете здрава храна, советува Нелсон. Најчесто проблемите со вкусот исчезнуваат во второто тромесечије, кога ќе можете да се вратите целосно на здравата исхрана. Ако сте загрижени за начинот на својата исхрана во тек на бременоста, консултирајте се со стручни лица.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.