Дискусиите за бременоста и кофеинот се водат одамна. Кофеинот се истакнува како една од најоспоруваните состојки која треба да се избегнува што почесто. Најголем извор на кофеин е секако кафето. Според некои студии, екстремното внесување кофеин во тек на бременоста може да биде причина за спонтан абортус, како и за други проблеми со плодноста. Поради тоа секоја трудница и идна мајка мора да биде свесна за некои факти поврзани со кофеинот и да ја ограничи консумацијата, колку е можно подолго, особено во бременоста.

 

Дали кофеинот може да биде причина за спонтан абортус?

Жените кои константно внесуваат 200 мг или повеќе кофеин, се во опасност да претрпат спонтан абортус. Процентот на спонтан абортус е помал кај жените кои го ограничиле внесувањето на кофеин, поради тоа треба да се биде внимателна и да се избегнува кофеинот што повеќе. Според некои истражувања жените кои ја намалиле консумација на помалку од 200 мг на ден, значително го намалиле ризикот од спонтан абортус.

Дали кофеинот влијае на плодноста?

Досега не се забележени посебни проблеми т.е големо негативно влијание на кофеинот врс плодноста. Во едно истражување во Канада, било откриено дека помала доза од 300 мг кофеин, на ден, не предизвикува проблеми со плодноста. Сепак, со оглед дека не можете да измерите до милиграм точно колку кофеин внесувате, подобро да бидете внимателни и да се контролирате.

 

Дали кофеинот предизвикува други проблеми со фертилноста и бременоста?

Дански истражувачи откриле дека жените кои пијат 5 – 7 филџани кафе на ден, постепено си ги зголемуваат шансите за разни проблеми со фертилноста. Всушност ако жената зема повеќе од 8 филџани кафе на ден, нејзините шанси за спонтан абортус се три пати поголеми. Затоа бидете претпазливи.