Празниците се одлично време да се поминат пријатни мигови во кругот на семејството и пријателите. Уште ако сте бремена, дополнителна причина за славење и радост.

Но, сепак утринските мачнини ако ви прават проблем, сега со сета таа храна која се подготвува, послужува и јаде, може да ви направи дополнителни проблеми. Дури и самата помисла на храна може да ви предизвика вртоглавици и мачнини. Затоа послужете се со некои трикови кои можеби ќе ви ги олеснат малку мачните мигови.

 

Ѓумбир – како чај, бомбони, сушен, пијалак или рендан во јадењата (на месо, салата и сл.) може да ви помогне со утринските мачнини. За празнициве можете да испечете и колачиња со ѓумбир, кои ќе ги грицкате по потреба. Или едноставно нарачајте си цела дузина од нив, како подарок од некој ваш близок роднина.

Пеперминт ароматерапија – носете со себе во ташничката шишенце со мешавина од масло од лаванда и пеперминт. Кога ќе ви се појават мачнини и вртоглавици, ставете го шишенцето под нос и дишете длабоко додека исчезнат. Исто така добро е ако имате во близина пеперминт бомбони, за секој случај.

Грицки во изобилие – секоја средба, семеен ручек, гледајте да имате што повеќе грицки за вас. Веројатно знаете дека можете да ги носите со себе секаде, во било кое време, а дури можете и да ги чувате во кутија на ноќната масичка покрај креветот, во автомобилот, бидејќи се одлични ако често ви се лоши и повраќате.

Најново на форумот

  • No posts to display.