Жените во бременоста почесто ќе бидат тие кои ќе кажуваат што ќе се јаде и каде ќе се оди на вечера, од што не треба да се срамат, бидејќи мора да имаат и некои привилегии покрај сите оние акни, болки, зголемена телесна тежина, зголемени гради.

Сигурно не постои трудница која не почувствувала силна желба за некој вид храна (народски кажано „стрвна е за храна“). Веројатно многумина од вас имаат слушнато од пријателките како не можеле без кисели краставички или сладолед во бременоста. Овие труднички желби по некој храна, иако се необични, неверојатни, понекогаш се навистина забавни и не треба ниту една трудница да се срами од тоа, туку на против треба да ужива во тој период бидејќи е со одреден рок на траење.

Трудничките желби можат да почнат во првото тромесечие, кога воедно трудницата чувствува и утрински мачнини и кога само од одредени видови храна не и‘ се лоши. Може да се случи во тој период да бара да јаде само еден вид храна што ќе го излудува нејзиното семејство. Исто така често се случува стрвноста да биде и по некоја храна која трудницата претходно не ја сакала и можеби по породувањето нема никогаш да ја посака.

Во второто тромесечие стрвноста станува поизразена, па партнерот може често да слуша: „Миличок, бебето сака сладолед“ или “Драги, бебето сака пица за вечера“. Жените во бременоста почесто ќе бидат тие кои ќе кажуваат што ќе се јаде и каде ќе се оди на вечера, од што не треба да се срамат. Впрочем мора да уживаат и некои привилегии покрај сите оние акни, болки, зголемена телесна тежина, поголеми гради, со што морат да се соочуваат во деветте месеци. И зошто да не го вклучи својот партнер во тоа како да се снајде со нејзините желби за јадење?

Во третото тромесечие, само поради растењето на бебето и намалување на местото за храна, не значи дека стрвоста ќе престане. Напротив може да стане и поинтензивна. Таа може да побара сендвич за ручек, а ќе изеде само половина од него, бидејќи се чувствува прејадено. Може да се случи во 14 часот да е повторно гладна, но сега дa посака голема порција сладолед од локалната слаткарница. Кога жената има желба за сладолед, ништо освен него нема да ја задоволи нејзината глад.

И не само во бременоста. Кај жените се случува да се појави стрвост по одреден вид храна на пример чоколадо, кога ќе и‘ почнува циклусот. Стресот, неправилната исхрана исто можат да доведат до чудни и интензивни желби по одреден вид храна. Но, да бидеме искрени, позабавно е кога е жената бремена и може да го разбуди својот партнер во два часот по полноќ и да му кажете „Миличок, навистина сакам чоколадни колачи, една порција сладолед и неколку кисели краставички. Ќе тргнеш до продавница за мене сега, НЕЛИ? “

Најново на форумот

  • No posts to display.