Зголемувањето телесна тежина во тек на бременоста во нормални граници е добар знак во тек на бременоста. Тоа индицира дека бебето добива доволна количина хранлици материи и минерали за својот развој и раст.

Тоа може да се постигне со правилен начин на исхрана и внесување дополнителни калории од храна богата со нутриенти. Како и да е, студиите покажуваат дека жените имаат потреба од дополнителни 100 – 300 калории во тек на берменоста. За да биде сигурна дека правилно се храни, трудницата може да се посоветува и со нутриционист, а и со својот лекар.

 

Качување тежина во нормални граници

Тежината може да се покачи во нормални граници во тек на бременоста, ако ги следите следните совети:

- јадете храна во 5- 6 мали порции,

- за лесни грицки изберете суво грозје, крекери, јаткасто овошје (несолено), сушено овошје, јогурт, сладолед,

- ставете ниско калорично млеко во храната како омлет, пире, житарки,

- додајте путер од кикирики на јаболко, тост, крекери и банана. Една лажица од овој путер содржи до 7 грама протеини и 100 калории,

- можете да додадете во оброците сирење, крем сирење, павлака, путер и сл.

 

Што да избегнувате

Ако жената забележи дека нагло ја покачува телесната тежина во бременоста, мора да зборува со својот лекар, бидејќи самостојното слабеење т.е обид за контролирање на тежината може да предизвика голема штета на нејзе или бебето. Сепак трудниците можат да воведат различни видови храна во својата исхрана со која ќе ги задоволат дневните потреби за нутриенти и ќе го забават процесот на дебелеење.

- Јадете ниско калорични видови храна и избегнувајте го внесот на пржена храна.

- Избегнувајте продукти направени од полномасно млеко. Иако трудниците во исхраната треба да имаат млечни производи во дури четири порции дневно, можат да изберат ниско калорично млеко и млечни производи.

- Ограничете го внесот на шеќер во својата диета. Пијалоците како овошни сокови, лимонада, леден чај, овошен пунч и сл., можат д ви обезбедат повеќе нутриенти и уште повеќе калории. Затоа избегнувајте ги.

- Масти конзумирајте умерено.

- Ограничете го внесот на високо калорични грицки и слатки.

- Внесувајте што повеќе свежо овошје и зеленчук на дневна база.

Исто така трудниците можат да одат на соодветни вежби во тек на бременоста, но само со дозвола од својот лекар и кај стручни лица, кои знаат како треба да вежбаат трудниците. Прошетките и пливањето се релативно безбедни и ефективни за трудните жени, но пред да почнете со било какви вежби сепак консултирајте се со лекарот.

Најново на форумот

  • No posts to display.