Бременоста е чудесно и прекрасно патување и запознавање со суштината на животот. Научниците открија и некои занимливости за тоа што впрочем се случува во тие девет месеци

 

Градите се поголеми, ако носите девојче

Градите на трудницата, а не нејзиниот стомак можат да го наговестат полот на бебето кое го носи. Имено, градите се поголеми кај трудниците кои очекуваат девојче. Тоа е бидејќи машките фетуси произведуваат тестостерон кој до некаде го спречува растот на градите. И кога трудницата го сонува своето неродено дете и во сон го открие полот, обично е во право – женската интуиција ја потврди и науката.

 

Слабите жени раѓаат девојчиња

Послабите жени почесто раѓаат девојчиња. Се смета дека тоа е така, бидејќи женските фетуси се полесни и поотпорни, за разлика од машките кои не се снаоѓаат во не баш идеални услови.

 

Бебешките клетки засекогаш остануваат кај мајката

Во тек на бременоста, клетките од бебето “влегуваат“ во мајчиното тело и обратно и тоа останува до крајот на животот. Бебешките клетки можат да се задржат во било кој мајчин орган, докажано е со едно истражување.

 

Мирисот на трудниците влијае на мажите

Во третото тромесечие телото на трудницата почнува да произведува пот кој е со поинаков хемиски состав. Тоа влијае потсведно и на мажите и тоа така што ги прави понежни и чувствителни, за да подобро се “поврзат“ со бебето.