Во тек на бременоста жената треба да помине низ регуларни проверки на крвниот притисок. Иако, жената пред бременоста немала проблеми со крвниот притисок, можно е да се појават, со ново настанатата состојба.

Дури кај некои може да дојде до постојана хипертензија. Во ретки случаи, покачениот крвен притисок е безопасен за бебето и мајката. Сепак пре-еклампсијата со хипертензија не треба да се сфаќа лесно и треба да се внимава.

 

Што е покачен крвен притисок?

Хипертензијата значи зголемен притисок на крвта во артериите. Нормалниот крвен притисок е 140/85 mm Hg. Повисоката бројка го покажува притисокот во артериите при контракции на срцето, а помалата бројка го покажува притисокот кога срцето одмoра меѓу отчукувањата.

Крвен притисок во бременоста:

- лесно покачен: 140/90 и 149/99 mm Hg

- покачен: 150/100 и 159/109 mm Hg

- многу покачен: 160/110 mm Hg или повеќе од тоа.

 

Во тек на бременоста можат да се појават различни видови крвен притисок:

Постоечки – тоа значи дека хипертензијата се развила пред 20 недела од бременоста кај жената или таа го имала уште пред да забремени. Во овој случај тој ја зголемува опасноста од пре-еклампсија во тек на бременоста.

Забелешка: ако користите терапија за хипертензија, зборувајте со вашиот лекар за алтернативни лекови во периодот кога се обидувате да забремените, како и за лекови кои би можеле да ги користите во тек на бременоста без опасност за развојот на бебето.

Пре-еклампсија – е вид на проблем со срцето, кај бремени жени кои развиле хипертензија по 20 недела од бременоста и во ретки случаи може да се појави кај жени кои имале проблем со висок крвен притисок пред бременоста. Може да се појави и кај жени кои имаат појава на протеини во урина поради проблем со бубрезите. Освен проблем со покачен крвен притисок, пре-еклампсијата може да доведе и до проблеми со другите органи како црниот дроб, бубрезите, мозокот и згрутчување на крвта. Таа се лечи за шест недели од раѓањето на бебето.

Гестациски висок притисок – жените кои развиле хипертензија по 20 недели од бременоста се водат како трудници со гестациски висок крвен притисок.

Забелешка: кај ваква бременост не се појавува пре-еклампсија во тек на бременоста.

Зошто се појавува висок крвен притисок во бременоста:

Причината за појава хипетензија или пре-еклампсија сè уште не до крај објаснета. Според некои истражувања пре-еклампсијата се појавува поради плацентата која има улога на преграда меѓу мајката и бебето и може да влијае на трансферот на нутриенти и кислород до бебето.

Најчестите симптоми за хипертензија кај трудници се:

- чести главоболки,

- проблеми со видот како појава на флешови од светлина, замаглен вид или појава на точки пред очите,

- повраќање во последние фази од бременоста,

- абдоминални болки посебно во горниот десен дел од стомакот, под ребрата,

- отеченост и подуеност на лицето, рацете и нозете,

- неможност да се почувствува движење на бебето во стомакот,

- вознемиреност.

Најново на форумот

  • No posts to display.