Здравствените експерти од Британија бараат задолжително да се воведе збогатување на лебот со фолна киселина со цел да се намали бројот на новороденчиња родени со спина бифида

Оваа состојба е позната како аномалија на рбетниот столб и се појавува кај голем број новороденчиња секоја година. При тоа кај новороденчето не доаѓа до правилен развој на коските во рбетниот столб, па дел од рбетниот мозок излегува надвор. Се јавува поради неправилно затворање на ембрионалната неврална туба, во првите недели од бременоста, како резултат на недостиг од фолна киселина- најважниот од Б витамините.

Во Чиле било забележано дека драстично се намалил бројот на деца родени со оваа аномалија, откако минстерството за здравство донесло одлука да се додава одредена количина фолна киселина во брашно за приготвување леб.

Порано појавата на спина бифида била поврзувана со неправилната исхрана на доилките, односно дека е резулутат на недоволно јадење свежо овошје и зеленчук - кои се одличен извор на фолна киселина- во првите недели од бременоста.

- Повеќето жени имаат можност да внесуваат доволно фолна киселина со јадење квалитетна и избалансирана храна. Но, за да се намали ризикот од појава на спина бифида се препорачува дневно да внесуваат дополнително фолна киселина преку таблети – велат стручните лица.