Одговорот на тоа прашање би сакале сите да го знаат. Додека некои тврдат дека можат да влијаат на зачнувањето на одреден пол или се колнат дека знаат какво дете носите, сè додека не родите, изненадувањата се можни.

 

Народните мудрости за тоа како да се зачне девојче или машко, или кој пол бебе носите, се забавни и можете да ги пробате, бидејќи на крајот, зошто не би сториле сè за да го постигнеме саканиот резултат, ако тоа не ни штети, а може да помогне? Сите тие совети, сепак имаат заеднички две нешта – не се научно докажани, ниту го гарантираат резултатот.

Токму затоа ви носиме резултати од некои студии кои ги носат одговорите кои ги барате. Сепак додека одговарате на прашањата, ова сфатете го како приказ на веројатноста, но не и како доказ, бидејќи се работи за резултати од научни истражувања според кои одреден пол е зачнат зависно од некој детал во животот на двојката. И запомнете дека колку и да вашите одговори упатуваат на одреден пол, на крајот сепак можни се изненадувања.

Колку години имате?

Постојат докази дека веројатноста за раѓање на девојче се зголемува со зголемувањето на староста на мајката, посебно по 35тата. Имено на полот на детето влијае хормонот гонадотропин, чие ниво во телото на жената со тек на годините расте.

Колку години има таткото?

Ако е постар таткото, квалитетот на спермата опаѓа и се произведуваат помалку “машки“ сперматозоиди. Со тоа се намалува и шансата машки сперматозоид да го оплоди јајцето.

Колку пред зачнувањето сте живееле заедно?

Се претпоставува дека двојката ако е подолго во врска, сè поретко има сексуални односи. Тоа значи дека шансата да се случи односот токму на денот од овулацијата е помала. “Машките“ спермадозоиди се побрзи и живеат пократко од “женските“ кои се побавни и живеат подолго. Кај ретките односи женските сперматозоди кои подолго живеат имаат поголеми шански да преживеат и да ја оплодат јајцеклетката.

Колку деца имате?

Научните истражувања покажале дека што повеќе деца имате, поголема е шансата да следното дете биде девојче. Тоа може да е поврзано со тоа дека низ многуте бремености во телото е зголемено нивото на гонадотропин. Тој влијае на зголемените шанси за раѓање девојче.

Дали вашата исхрана пред бременоста била високо или нискокалорична?

Во истражувањето во кое учествувале 740 жени, биле поделени во групи според количината калории кои секојдневно ги јаделе. 56% жени со висока количина калориски внес родиле машко. 45% жени кои јаделе нискокалорична храна родиле женско. Просечниот внес на калории кај жените кои родиле машко бил 2413, а кај жените кои родиле женско бил 2283. Се претпоставува дека нашите тела “инвестираат“ во машки деца само тогаш кога заедницата има доволно храна. Во време на глад и немаштија, еволуцијата се насочува на “посигурна“ варијанта. Сепак, независно од овие претпоставки трудниците треба да внимаваат на урамнотежена и здрава исхрана, бидејќи таа е причина за раѓање здраво дете.

Дали пред бременоста бевте под голем стрес?

Во воено време се раѓаат повеќе машки деца, покажале многу истражувања. Изгледа дека стресот го подигнува нивото на хормоните кортизол и тестостерон. Тоа може да доведе до промена во јајце клетката која одеднаш го олеснува продирањето на машките сперматозоиди. Зошто тоа се случува, сè уште не е разјаснето, како ни многу мистерии поврзани со оплодувањето.

Во кое годишно време зачнавте?

Една студија од Германија во која се набљудувани 63 976 породувања во период од 1965 до 1970 година, покажала дека машките најчесто се зачнати рано налето, а девојчињата најчесто во зима. Во пролет и есен зачнувањата биле подеднакви. Тоа може да има врска со разновидната и богата исхрана летно време и порастот на вирусите и инфекциските болести кои се појавуваат во зима. Машките ембриони се почувствителни и поосетливи на болести, ако мајката е болна.

Дали сте забремениле со хормонски стимулирана овулација?

Според истражувањата жените кај кои овулацијата била вештачки поттикната, на пример со кломифен, почесто раѓаат ќерки.

Страдате ли во бременоста од силни мачнини со повраќање или сте минале веќе низ сите мачнини?

Некои стручњаци веруваат дека појавата на силни мачнини во бременоста има врска со носењето женски деца, односно зголемен естроген во тој случај.