Џема е горда мајка на АлександарЖената на која лекарите и‘ рекле дека има болки поради здобиените повреди од сообраќајната незгода, се шокирала кога дознала дека е бремена и дека породувањето започнало.

Џема Клегхорн, вели дека немала поим дека ќе се породи додека ја однесле во болница поради болки и сомнеж дека има внатрешно крварење, пет месеци по сообраќајната незгода која ја преживеала. Претходно таа била на преглед кај шест различни доктори, жалејќи се на проблеми со грбот и отечен стомак, а тие секој пат и‘ велеле дека тоа е резултат на здобиените лесни повреди од незгодата.

Но, и неколку месеци по раѓањето на бебето, Џема не може да поверува дека е мајка.

- Секој пат кога одев на лекар моите симптоми ги поврзуваа со сообраќајката. Дури и мојот месечен циклус запре, а тие ми велеа дека е од стрес и траума по преживеаната незгода. Бев преплашена дека ќе умрам од внатрешно крварење, кога итно ме однесоа во болница со силни болки, кои всушност биле знак дека почнало породувањето. Кога ми го кажаа тоа, со момчето не можевме да се соземеме од сознанието што се случува.

Нејзиниот партнер Дејв вели:

-Претходната вечер Џема постави статус на фејсбук во кој се пожали на стомачни болки. Потоа морав секому кој и‘ пиша да му објаснам за што се работи. Никој не ми веруваше кога им реков дека имаме бебе.

Џема и Дејв се родители на прекрасното бебе Александар, за кој велат дека е нивното чудо.

- Навистина е чудо како преживеа во сообраќајната незгода која ја имав. Како остана здрав по сите тие лекарски прегледи и третмани. Бев многу загрижена поради лековите кои ги земав, но сега кога ми кажаа дека е здрав, јас сум пресреќна – вели Џема.

Џема ја преживеала сообраќајната незгода во јануари, кога одејќи на работа , камион удрил во нејзиниот автомобил од позади. По сообраќајката кај нејзе биле дијагностицирани набиеници и модрици, а лекарите и‘ препишале лекови. Но наместо да се подобрува нејзината состојба се влошувала.

- По две недели се вратив на работа. Модриците ги снема, но јас се чувствував преморено, со постојани болки во грбот. Не можев долго да стојам. Почна да ми изостанува и месечниот циклус. Отидов на преглед кај неколку лекари и сите ми рекоа дека тоа е од стрес по сообраќајката.

Среќните родители со нивното чудо од бебе

Поради болките таа престанала да оди и на вежби и била убедена дека поради тоа ја зголемува телесната тежина. Загрижена за своето здравје, последниот пат кога била на лекар побарала да да и‘ се направи скенирање, за што лекарот рекол дека не е потребно, доволно е само да продолжи со лековите против болки.

Во мај кога отишла на новото работно место како медицинска сестра, Џема додека била на работа добила болки во стомакот и помислила дека конечно започнува месечниот циклус.

- Бев среќна што се враќам во нормала. Но кога си дојдов дома, болките се зголемуваа. Веднаш повикавме брза помош им кажавме за несреќата, а тие се посомневаа на внатрешно крварење и итно ме однесоа во болница.

Кога таму ја прегледал лекарот и‘ ја кажал вистината, дека е бремена. И додека Џема и Дејв се чуделе на новоста, уште поголем шок била следната вест- дека породувањето е започнато.

Сега неколку месеци подоцна, Џема додека го гледа синот Александар, вели дека е пресреќна што има такво прекрасно бебе и само благодарение на Господ тој е жив и здрав.

- Кога почна породувањето, сите болки и симптоми од сообраќајката ги снема. Верувам дека ако лекарите подобро ме прегледаа и беа позаинтересирани на време ќе откриеја дека сум бремена. Но тие секој пат истото ми го кажуваа –дека имам последици од сообраќајката. Среќна сум што сме добро и јас и бебето и горда сум што станав мајка.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.