Кели Донеган (26) која за шест недели треба да се породи, била непријатно изненадена кога медицинска игла и‘ се појавила низ кожата на стомакот.

Лекарите ја убедуваат дека нема за што да се грижи, иако непријатно е да се гледа испакнатата игла низ кожата на трудничкиот стомак.

Кели која се радувала на својата бременост, непријатно била изненадена еден ден кога видела како во близина на бебето, низ кожата на стомакот излегува игла. Таа верува дека иглата била заборавена во нејзиниот стомак пред три години, кога имала операција на слепо црево.

- Кога забележав дека стомакот ми се испакнува чудно на едно место му кажав на лекарот, а тој ми рече дека немам причина за загриженост. Но, кога ја видов иглата се преплашив. Најверојатно останала таму од 2009 година кога ми го извадија слепото црево. Стомакот поради бременоста ми се зголемуваше и најверојатно притисокот поради растењето на бебето ја истиснал кон надвор – вели Кели.

Иако сега има болки поради иглата, лекарите не смеат да ја извадат, пред да се породи.

- Дури не смеат да ми направат ни ренген, за да видат како е поставена, бидејќи зрачењето е штетно за бремените жени – кажува мајката за која ова е четврта бременост.

Кели која живее во Милтон Кејнс, Англија, сепак добила потврда од лекарите дека бебето не е повредено и ќе биде во ред до крајот на бременоста. Сепак таа откако ќе се породи, ќе мора веднаш да се оперира за да и биде отстранета иглата.

- Сè што можеа да направат е само да го истапат врвот на иглата за да не ми се закачува по облеката и другите нешта околу мене. Навистина е страшно и не ми е сеедно, но не можам ништо да сторам освен да чекам – вели таа.

Најново на форумот

  • No posts to display.