Секоја трудница треба, без разлика на својата состојба, и понатаму да води грижа за својот изглед и нега, било тоа да го прави дома во своја режија или кај козметичар.

Овде конкретно ќе обрнеме внимание на депилацијата.

Сите знаеме дека особено во првите три месеци од бременоста е најкритично и дека во тој период најмногу треба да се внимава. Но, тоа не се однесува и на негата на вашето тело. Зарем треба во периодот на бременост да се запуштите? Секако дека не. Напротив во тие девет месеци треба да се негувате, дури и ако понекогаш чувствувате дека не ви е до тоа.

Апсолутно секоја, освен при критична бременост, идна мајка треба и понатаму да го посетува својот козметичар, да се депилира, но само со ладен восок. Ако сте правеле депилација и пред бременоста, запознаени сте со третманот, а ако ви е прв пат, тогаш мора да знаете некои основни работи. Најпрво депилацијата има за цел да ги проретчи влакната и по извесно време да ги снема во деловите каде со тек на време се прошируваат. Освен тоа депилацијата е здрава, бидејќи прави пилинг на кожата и ги симнува мртвите клетки од површината на кожата. Значи освен што ќе имате нежни, мазни нозе, ќе имате и здрава кожа.

Препораката за депилација со ладен восок е од причина што овој метод е стерилен, чист и најбезбеден за секоја идна мајка. До одреден месец во бременоста, што е индивидуално кај секоја жена, депилацијата се прави сосема нормално – депилирање од напред, од страна и на крај позади, така што се лежи на стомак. Но како ќе одминува бременоста, депилацијата се прави само од предна страна, лежејќи на грб и на страна. Што се однесува до препоните, депилацијата е сосема безбедна, само не треба да се прави премногу длабоко, како што е бикини третман, не затоа што е опасно, туку затоа што не е неопходно. Сепак ако трудницата бара такво нешто, не постои никаков проблем да се направи третманот.

Препорачливо е да не се определите за депилација со топол восок, од повеќе причини. Пред сè при тоа може да дојде до пукање капилари, вени, кожни заболувања и она што е најважно и поради што треба да се загрижите, оваа депилација е потенцијален преносител на разни вируси. Такво нешто не е возможно при ладна депилација, бидејќи тоа е стерилна, чиста и најбезбедна метода.

Она на кое треба да обратите внимание се препаратите кои се нанесуваат по депилација. Денес постојат многу производи кои можат да се нанесат по депилацијата. Но, за идните мајки најпрепорачливо е да се нанесе само бебешка пудра и бебешко масло кои се нежни и ја смируваат кожата по третманот. Можат да се користат и други средства за смирување на кожата, но само ако се од растително потекло.

Најново на форумот

  • No posts to display.