Секоја трудница се грижи за своето и здравјето на нејзиното бебе. За да биде сè во ред и бременоста да ја износи до крај, неопходно е да направи неколку тестови. Бидејќи технологијата е толку напредната, сега возможно е да се дијагностицира она за кое некогаш се чекало до самото породување.Многу важно е да имате на ум дека сте обврзани да ги направите само оние тестови кои ви ги предложил вашиот лекар, а другите се работа на избор.

 

Постојат два вида тестови – дијагностички и скрининг.

Дијагностички се оние кои се однесуваат на земање брисеви и амниоцинтеза и многу се веродостојни во откривањето на одредени дефекти.

Скриниг тестовите, ултразвук и земање крв и мокрача за анализа, помаагаат во откривањето на знаци за можните абнормалности.

Првиот тест кој го правите е тест за утврдување бременост, после кој следи гинеколошки преглед. Веднаш потоа следи ултразвучен преглед, кој до 8 – 9та недела се прави вагинално, а потоа преку стомакот. Во зависност од тоа за каква бременост станува збор, прегледите ќе се прават уште 4- 5 пати во тек на бременоста, заедно со лабораториските анализи.

Контролниот преглед во 12-та недела е многу важен, бидејќи тогаш се прави т.н. Double тест- ултразвучен преглед и лабораториска анализа на крвта со која се проценува дали постои ризик од Даунов синдром, се испитуваат хромозомите кај бебето, евентуалните аномалии на срцето, дали постои носна коска, наборите на вратот и др. По потреба по овој тест се прави и Triple тест (по 15та недела). Тој ја открива веројатноста од присуство на даунов или Едвардов синдром т.е хромозомски аномалии. Овој вид тестирање се прави кај трудници во поодминати години, трудници над 37 години, доколку имало слични проблеми со претходното дете или во блиското семејство е родено дете со хромозомско пореметување.

3Д и 4 Д ултразвучен преглед се прави за да се откријат евентуални аномалии на матката, малигнитети, информираат за снабденоста со крв на органите кај бебето и сл. Овие прегледи се задолжително само доколку ви ги препорача лекарот, а во спротивно не се. Можете да ги направите на своја рака, ако сакате да сте мирни по тоа прашање. Она кое може да ве спречи е фактот дека овие прегледи најчесто се вршат во приватни ординации и се прилично скапи.

Во периодот околу 5- 6 ти месец, анатомијата на органите кај бебето може да се види на ултразвучен преглед. Тогаш органите детално се прегледуваат, особено срцето и крвните садови, а се следи и виталноста на бебето. Постелката е еден од посредните знаци за состојбата на бебето, па е многу важно да се контролира.

Секој понатамошен преглед е со цел следење на растот и развојот на бебето, но и вашето здравје. Постои уште еден незадолжителен тест кој се прави во 28та недела, а тоа е тест за толерантност на глукоза , каде каде се гледа дали постои проблем со шеќерот во крвта. По 34та недела се земаат брисеви и се вршат подготовки за породувањето.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.