Повеќе од 50% од трудните жени се здобиваат со преголем вишок килограми во бременоста. Иако докторот препорачува 15 килограми во текот на бременоста, има жени кои ќе качат и до 40 килограми.

Ова е промена на која навидум не можеме да делуваме. Но експертите даваат совети како да се постигне здрава бременост, без огромен вишок килограми за мајката – кои подоцна ќе и донесат и здравствени проблеми, но истовремено на свет да се донесе и здрав плод со нормална тежина.

 

Во идеални услови, за да зачнете бебе не би требало да сте ни со премала тежина ни со преголема. И во двата случаи бременоста може да се случи и да помине се во ред но следуваат неизбежни здравствени проблеми и за мајката и за бебето.

Вежбајте аеробик за трудници или едноставно пешачете најмалку два и пол часа неделно. Ако не сте биле физички активни пред да зачнете не е доцна да се почне. Доколку сте вежбале нешто пред да останете трудна можете слободно да продолжите со исклучок на трудниците кои имаат проблем со плацента превиа и со крварење. За секоја вежба која сакате да ја правите во бременоста разговарајте со својот доктор. Најдете добро друштво за пешачење и исчекорете 10000 чекори во денот.

Хранете се здраво. Сите ќе ви кажат „сега треба да јадеш за двајца“ , но имајте предвид дека на бебето не му е потребна храна како за возрасен човек. Тоа всушност има потреба од хранливи материи колку два проценти од возрасен човек на почетокот од бременоста а потребата ќе се искачи до десет проценти од исхраната на возрасен човек на крајот – според истражувања и препораки од институтот за медицина во САД. Тие препорачуваат за жена со нормална тежина во првото тромесечие од бременоста да не внесува вишок калории, во второто тромесечие да внесува плус 340 калории дневно, а во последните месеци додати 452 калории. На пример додатни 350 калории се ако покрај секојдневното јадење изедете сендвич со путер од кикирики, малку овошје и чаша обрано млеко. За да достигнете 450 калории додајте една банана. Најдобар начин да го зголемите влезот на корисни калории е да јадете повеќе овошје и зеленчук, како и млечни производи. Ви се јаде благо? Пробајте нешто благо со помала калорична вредност наместо обично чоколатце.

 

Најново на форумот

  • No posts to display.