Што да очекувате од своето тело кое е многу изменето од текот на бременоста? Токму тоа прашање си го поставуваат сите нови мајки. По девет месеци бременост и породувањето, секоја жена посакува да се врати на телесната тежина од претходно. Некои жени успеваат брзо и лесно, но за да на сите нови мајки им успее, треба да знаат што се случува со телото по породувањето.

Веднаш по породувањето ќе изгубите 4,5 килограми

Вистина! Бебињата отпрлика тежат помеѓу 3- 3,5 кг, а речиси еден килограм отпаѓа на крвта, постелката и амнионската течност, па така по излегувањето од болница ќе имате 4,5 кг помалку. Освен тоа во првите неколку недели од породувањето најверојатно со губењето течности, ќе изгубите уште 1 – 2 кг. Но, ќе ви треба подолг период за да се вратите во претходната состојба, целосно. Според стручните лица – ви беа потребни 10 месеци за да се здебелите, затоа дајте му барем исто толку време на телото да се врати во првобитната состојба.

Косата ќе почне да ви паѓа

Вистина! Речиси 50 % жени по породувањето се соочуваат со засилено опаѓање на косата. Таа појава се нарекува telogen effluvium и се случува еден до шест месеци по породувањето. Имено во тек на бременоста доаѓа до пораст на нивото на хормоните кои го забавуваат паѓањето на косата. По породувањето тоа се враќа во нормала и повторно почнува нормалниот циклус на растење и паѓање на косата. За да ја задржите здрава косата и да го намалите нејзиното паѓање, се советува земање храна богата со протеини, железо, цинк, антиоксиданси клучни за здрава кожа и коса.

Додека доите морате да јадете повеќе

Лага! Калориите за млеко воглавно доаѓаат од вашите резерви. По породувањето треба да направите план за слабеење со кој ќе губите до два килограми неделно, се додека ја постигнете саканата тежина. Доколку забележите дека слабеете повеќе од тоа, во тек на денот земете дополнителен оброк за да го намалите губењето на килограмите. Важно е да внимавате на урамнотежената исхрана бидејќи минералите и витамините од храната ќе бидат искористени за мајчиното млеко. Редовно јадете овошје и зеленчук, немасно млеко, житарки, протеини, а со лекарот посоветувајте се околу продолжувањето на земање пренатални витамини за време на доењето.

По породувањето тенот ќе ви се влоши

Вистина! Во тек на бременоста циркулацијата на крв се зголемува за 50%. Тој зголемен проток на крв се манифестира со многу места, посебно на лицето каде крвните садови стануваат проширени и му даваат дополнителен волумен, а токму тоа е тајната на вашето сјајно лице за време на бременоста. Ако по породувањето кожата покаже склоност кон акни и митесери, почнете да користите ретиноид или ОТЦ ретинол кој брзо ќе му го врати сјајот на вашето лице. За проблемите со тешки акни, најдобро е да се обратите кај лекар кој најверојатно ќе ви препише рецепт за производ кој комбинира ретиноид и антибиотик против акни.

Доењето помага при слабеењето

Вистина! Бебето кое се храни исклучиво со доење за правилен раст и развој дневно има потреба од 500 и 800 калории. А токму тие калории во вашето тело се создаваат со внесување на храна. Доењето на бебето значи дека ги користите своите калории само за да го прехраните бебето. Но, немојте да се обесхрабрите ако килограмите од почеток не се топат онака како што сакате, а стручњаците велат дека што подолго доите, полесно и ќе ослабнете.

Ослабените мускули по породувањето се последица на раширената матка

Лага! Ослабнатите мускули по породувањето се последица на дијастазата на стомачните мускули, односно настануваат со одделување на најоддалечените стомачни мускули. Кога мускулите се разделуваат, сврзното ткиво се растегнува и станува сè потенко. Тенкото сврзно ткиво потоа ги држи органите, наместо стомачните мускули. За да ги вратите во форма стомачните мускули, држете се до трите основни правила – правилна исхрана, кардио и кондициски вежби.

Стриите секогаш ќе останат видливи

Лага! Дури 90% жени во тек на бременоста ја забележуваат појавата на стриите, кои се резултат на нагло дебелеење од кое телото се шири побрзо од темпото со кое расте кожата. Освен тоа, во тек на бременоста расте нивото на хормонот глукокортикоид, што го намалува создавањето на колагенот и еластичните влакна во слоевите на кожата. Клучот на бришењето на стриите лежи во раното почнување со третмани додека тие се нови црвени, розеви или виолетови по боја. За да ја намлите појавата на стрии, пијте поголеми количини вода која ја подобрува еластичноста на кожата, избегнувајте слатки, солени грицки и храна која содржи скроб, бидејќи предизвикува надуеност и додавање килограми, а уживајте во агрумите богати со витамин Ц, кој е важен за производство на колагенот.

Најново на форумот

  • No posts to display.