Поранешните студии веќе ја докажаа врската меѓу консумирањето алкохол во текот на бременоста со штетноста врз развојот на фетусот, сепак, најновите истражувања спроведени од страна на американски научници покажаа дека на децата чии мајки пиеле алкохол во текот на бременоста им се заканува губење на видот.

Резултатите од студиите објавени од страна на американски научници, биле добиени во тек на истражувањето спроведено во детската болница во Бостон. При тоа се покажало дека децата од жени кои конзумирале алкохол во текот на бременоста имаат во просек три пати поголеми шанси да имаат послаб вид.

 

Количеството на алкохол кој го е консумирале 131 испитанички бил пропорционално поврзан со појавата на оштетен вид кај бебињата. Истражувачите добиените резултатите ги објаснуваат со оштетувања кои ги предизвикува алкохолот на мрежницата од окото и деловите од мозокот поврзани со видот, поради што на бремените жени и жените кои би можеле да забременат им се препорачува да го избегнуваат консумирањето алкохол.