Кај нас сеуште важи традицијата дека нешта за бебето се купуваат уште пред да се роди. Оваа традиција потекнува од дамнешно време кога повеќето нешта биле изработувани рачно и требало време, додека се‘ се подготви.

Но и денес, кога е се поинаку, ретко кој родител одолева да купи макар едно парче облека, за идниот нов член во семејството, иако не е сигурен дека токму тоа ќе му треба.

Едноставно, нема потреба да купувате нешта кои не сте сигурни дека ќе ви се потребни. Не ги фрлајте парите за некои нешта кои ќе ви бидат речиси непотребни.

 

Облека

Прво најважно е да размислите како ќе го облекувате бебето. Ако не сакате да го затоплувате премногу, ќе ви биде потребна помалку облека. Што се однесува до спиењето, во продажба може да се најдат многу вреќички за спиење со копченца на рамената и без ракави. Некои мајки практикуваат, доколку бебето е многу активно и во тек на спиењето да се извлекува од вреќата, да ги вкрстат прерамките на грбот, ако бебето спие повеќе на стомак и обратно.

Додека е мало бебето и можете да го носите, ви препорачуваме да набавите „кенгур“. Многу внимателно бирајте го моделот да ви одговара вам. Ако е потребно набавете со него и широки платени џебови во кои ќе можете да ги ставите нозете од бебенцето, за да не се нишаат.

 

Што ви е потребно за спиење во количка, ако сте надвор?

Во пролет и на есен – ви препорачуваме лесна и топла капа т.н.„чорапа“ без врвки и памучен или фланелен комбинезон (или вреќа за спиење) плус прекривка.

Летно време (како и на крај од пролет и почеток на есен) – лесна капа и лесен или фланелен комбинезон. Ако е летото многу топло, не го облекувајте бебето во ништо освен лесни памучни шпихозни, кратки чорапчоња и тенка пелена преку него.

Зима – топла бенкица и шпихозни, топла капа, волнени чорапки, зимски скафандер со капа и топла прекривка. Ако забележите дека бебето во тек на прошетката се испотило, следниот пат намалете го бројот на слоеви облека или нивната дебелина, а доколку забележите дека нозете на бебето се ладни, облечете му уште еден чифт волнени чорапки.

Што се однесува до облеката за вашето бебе ви советуваме да не се срамите од вашите пријателки да земете се што можете, а го имаат од нивните деца, кои се пораснати. Така прво ќе заштедите пари на нештата кои ќе ви се потребни само неколку месеци или можеби недели, а како второ, носената облека има предност, бидејќи после неколку перења станува помека и понежна за бебешката кожа.

А доколку сепак се решите за купување, ви советуваме да бирате нешта кои лесно се облекуваа,т бидејќи малите не сакаат блузички кои се облекуваат преку глава. На пример, многу се погодни блузите кои имаат копчиња на рамото.

 

Спиење

Многу родители се во дилема за тоа каде треба да спие бебето, покрај нив во кревет или посебно во креветче. Според некои стручни лица добро е бебето на почетокот да спие во креветот со родителите и дека тоа неопходен услов за нормалниот психички развор на бебето. Кога бебето лежи покрај мајката го чувствува нејзиниот мирис и го слуша чукањето на нејзиното срце, се чувствува посигурно и побрзо заспива. Сосема нереален е стравот дека можете да го загушите бебето во сон. Секоја мајка, дури и млада, неискусна, се буди само што ќе го чуе бебето како почнува да се буди, мрда и почнува да плаче. И секако дури и во сон, мајката го чувствува бебето покрај себе. Бебето по долгите месеци во стомакот, навикнато е да се наоѓа во тесниот простор од матката. Навечер во креветот покрај родителите ќе му биде топло и пријатно. Во тек на денот, исто така бебето може да спие во вашиот кревет или на тросед. Свртетете го кон ѕидот, заштитувајќи го од двете страни со перници или завиткани во валјак ќебиња и прекривки. Легнете покрај него, надојте го и бебето ќе заспие. Ако дома имате и повозрасно дете, можете во тек на денот да организирате и посебно место за спиење. Во секој случај, не брзајте со купување бебешко креветче. За првите месеци од животот идеална е бебешка лулка, а ако не сте купиле вистинска, нејзе може да ја замени бебешка корпа или пак лулашка од количка.

Местото за спиење секако треба да биде безбедно и пријатно. Дното на лулката или корпата заштитете го со некој мек душек. Пожелно е да се заштитат и страничните ѕидови со душек или тенка прекривка. При купувањето креветче важно е да обратите внимание дали постои регулатор на висина на лежајот. Треба да постојат најмалку две нивоа висина. Бирајте креветче кое не е лакирано или прекриено со боја, бидејќи ако го гризе детето, може да внесе штетни материи во себе. Избегнувајте на креветчето да има украсни фигури за кои би можела да се закачи бебешката облека. Ако имате мал стан, можете да купите мало креветче – оградичка, кое брзо се склопува и можете да го носите со себе на пример во викендичка. Било кое место да го изберете за бебешкото спиење, перница не му е потребна до 2,5- 3 години, а душекот не треба да е премногу мек или да има нерамнини.

 

Хигиена и нега

Често се случува родителите да купат кадичка за бањање на бебето, а по неколку недели почнуваат да го бањаат во голема када и кадичката се исфрла на тераса. Така да и тоа не ви е неопходно. Она кое е задолжително е да купите два големи пешкира (најдобро со димензии 120х120см), со кои ќе го бришете само бебето. Ако при бањањето имате план да го испирате со полевање, ќе ви треба бокал.

Што се однесува до пелените, ако сакате да заштедите, можете да купите памучни пелени, но пелените за еднократна употреба се многу практични. Најпрво купите едно пакување најмали пелени, а подоцна ќе докупите уште во величината која ќе ви биде потребна. Ќе ви требаат и стапчиња за уши, кои се поволни за чистење на папчето. Она кое е навистина неопходно од средствата за нега и хигиена се детско средство за капење и крема. Што се однесува до другата козметика – не претерувајте.