Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

Првачиња
(1 посетител/и) (1) Гостин

ТЕМА: Првачиња

Ре: Првачиња 11 Окт 2011 12:50 #158525

  • Marge
  • Вози мотор
  • Супер модератор
  • Теми: 3012

Sanja не беше ти со него или член од фамилија? Јана лани беше со баба и. Мислам дека мора член од фамилија да биде присутен при вакцинација. Мислам но не сум сигурна...

Да, мора да биде присутен член од фамилија, син ми беше со мм.
Последна промена: 11 Окт 2011 12:51 Од Marge.

Ре: Првачиња 11 Окт 2011 14:19 #158534

  • Biljana
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 40
Ijas sum prvace zaedno so kerka mi pisuvame, citame, ucime na pamet pesnicki. Zasega nemame nekoj pogolem problem no mene licno mnogu mi preci domasnata rabota. Koga ke vidma za pisuvanje po 2 strani makedonski, 2 strani matematika, 1 strana mojata okolina....lele zbesnuvam i plus kako kapak ke im dade nastavnickata pesnicka na pamet. premonoguuuuuuu e, za prvace. Mislev deka ovaa godina ke ima bide zapoznavanje i adaptacija na decata no ispadna deka ne e taka .
[link=http://lilypie.com]Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.[/link]
[link=http://lilypie.com]Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.[/link]
Последна промена: 11 Окт 2011 14:21 Од Biljana.

Ре: Првачиња 11 Окт 2011 22:54 #158585

  • Marge
  • Вози мотор
  • Супер модератор
  • Теми: 3012
Biljana, претпоставувам дека не сте во целодневна настава, па може затоа. Ама сепак зошто толку многу домашна?

Син ми е целодневна и досега сме имале само една стихотворба од еден стих да научиме. Ништо повеќе. Плус, за викендите го носи ранецот дома и гледам што работат, ама немаат сигурно толку изнапишано како што ти кажуваш....стварно ме чуди ако ги оптеретуваат децата во некои училишта толку

Ре: Првачиња 12 Окт 2011 07:27 #158596

  • julija
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 265
Vo I odd.nemat vo programa domasna rabota no toa e princip na rabota na ucitelkata ,iako ne e pravilno spored mene ,kaj nas uitelkata im dava mnogu malku nesto da nacrtat ,nabojat i samata uitelka kazuva deka domasnite raboti ne se vo programa megutoa vika da steknuvat po malku navika za nisto drugo a ne da gi opteretuva tolku,ne e vo red toa treba da se pridrzuvaat na pravilata a ne da rabotat po nivni princip i pretpostavuvam deka toa se domasni za roditelite a ne ucenicite.. navistina me interesira sto im dava tolku?A dali i ponatamu ke gi vodi ili samo ovaa god?

Ре: Првачиња 12 Окт 2011 07:54 #158605

  • Cinnamon
  • Вози мотор
  • Администратор
  • was and still is Emilija
  • Теми: 2529
Лани учителката на Јана кога ја презентираше програмата кажа дека не смеат да даваат домашни во 1-во одд и дека ако даде можеме слободно да ја пријавиме за тоа. И навистина никогаш немаше домашно, дури немаше ниту за боење или цртање. Еднаш имаше песничка за учење, но тоа беше за приредба и не беше домашна работа.
Jana 04.04.2004 Petar 17.04.2007 Ivan 25.08.2009
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Првачиња 12 Окт 2011 10:18 #158632

  • Big Sister
  • Присутен
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7252
И кај нас нема никакви домашни работи. Истото ни го кажаа дека не е предвидено да се даваат домашни сега, но повремено може да добијат нешто да нацртаат или научат некое стихче.
Мене ме чуди првачиња толку работа да имаат
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола

Ре: Првачиња 12 Окт 2011 13:17 #158670

  • Zaharija
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 367
И кај нас се многу деца,27 па не стигуваат се да завршат во школо,и во петок кога ги земаме ранците учителката ни кажува да завршиме тоа што не стигнал да го доработи таму.И досега сме имале за учење 2 мали стихотворби.Сега засега синко е добар,само поубаво му било втора смена,овој месец е претпладне и тешко му е станувањето
Последна промена: 12 Окт 2011 13:18 Од Zaharija.

Ре: Првачиња 12 Окт 2011 14:02 #158675

  • Elicka
  • Вози мотор
  • toddler
  • Животот е убав
  • Теми: 257
И кај нас има домашни често, не толку обемни, ама сигурно по еден предмет има. И песнички за напамет, минатата недела имаше една ептен голема и тешка, од учебникот по македонски, мислам есенско овошје беше.Јас мислам дека не треба да се потткнува учењето напамет, а баш тоа се прави со песничките. А јас не знаев дека во прво не треба домашни да се даваат. Па и логично, тоа е како старо забавиште. А ташната секој ден си ја земаме и прво што прават родителите е прашање за домашната. Па не треба олку да се оптереуваат, ем обврска да оди на школо, ем обврска и дома да пишува домашни. И според ова што го прочитав, секоја наставничка си работи по свое.
Следниве корисници изразија благодарност: Biljana

Ре: Првачиња 12 Окт 2011 18:16 #158711

  • Frenky
  • Вози мотор
  • Васе Султанa
  • Теми: 4099
jas znam deka spored zakon i programa, prvachinjata ne smeat da pishuvaat bukvi tuku samo da prepoznavaat. pod pishuvanje mislam na celi rechenici i tekstovi. dokolku nekoja nastavnicka go pravi sprotivnoto, roditelot ima pravo da ja prijavi.
Последна промена: 12 Окт 2011 18:16 Од Frenky.

Ре: Првачиња 12 Окт 2011 18:56 #158713

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Vase ova sto go kaza e tocno.
No si imaat domasno. Mnogu e razlicno klasicna od celodnevna. Vo klasicna ima da se naucite doma i da se napisuvate kup domasni.

Ре: Првачиња 13 Окт 2011 12:51 #158875

  • Biljana
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 40
Da se nadopolnam na predhodniot moj post. Na roditelskiot sostanok samata ucitelka si kaza deka po programata ne e predvodeno da im se dava domasna zadaca na prvacinjata, no deka treba da steknuvaa navikaza pisuvanje, treba, i zatoa ke imaat po "malku" domasna za pisuvanje. Sekoj den imaat domasna, ako se krugovi vo uciliste pisuvaat dve strani isto i za domasna dve strani, ako se kocki, linii ili sto bilo mora da ima po 4 strani napisani, (dve na uciliste dve doma). Pesnicki ucime na pamet obavezno duri se sluci vo edna nedela da imame cetivo po ulogi da naucime ( toa so slonot i mravkite)i za dva dena pesna na pamet.. zatoa velam deka e premnogu...
Za prijavuvanje ne razmisluvam od prcina sto se , nesakam da mu nastetam na detoto vo nikoj slucaj, a od druga strana prasuvam i vo drugite pararalki i tamu isto imaat mnogu za domasna pa si vikam kako za site taka i za nas . Verojatno nesto ke se smeni, se nadevam deka ke pocnat roditelite da reagiraat pa se ke si dojde na svoe mesto.
[link=http://lilypie.com]Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.[/link]
[link=http://lilypie.com]Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.[/link]
Следниве корисници изразија благодарност: julija

Ре: Првачиња 13 Окт 2011 17:46 #158925

  • julija
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 265
Да се надоврзам уште нешто покрај домашните задачи ,најстрашно е што не можеме на ред да дојдеме до наставничката да прашаме за нашето дете како е што е од неколку родители кои постојано се околу наставничката и само тие се слушаат,часот е веке почнат а тие сеуште во училница ,им отвораат чанта,им ги местат книгите,па им вадат боици е тоа не можам да го сфатам ..тие се деца мали но сепак треба да ги оставиме да се осамостојуваат на тој начин не им помагаме туку напротив полошо им правиме и тоа бесе на дневен ред на родителскиот состанок и самата наставничка ги замоли штом засвони звончето уцилницата да се напушти и нема потреба од секојдневно прашување.Има ли вакви случаеви кај вас?
Следниве корисници изразија благодарност: Biljana

Ре: Првачиња 13 Окт 2011 22:20 #158967

  • Elicka
  • Вози мотор
  • toddler
  • Животот е убав
  • Теми: 257
Нас воопшто не не пуштаат да влезиме во школо, само до врата ги носиме, најчесто учителката е тука и си одиме. Само првата недела влегувавме дури да се привикнат.
Следниве корисници изразија благодарност: julija

Ре: Првачиња 14 Окт 2011 10:27 #159037

  • Big Sister
  • Присутен
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7252
Kaj nas isto bese na pocetokot, turkanici okolu ucitelkata i butkanje od roditeli i guzvi. Ama sega sinko go ostavame do glavnata vrata i si odi natamu sam. Direktorkata spomna deka ke mora taka, zasto nastavata ne moze da zapocne na vreme od takvi guzvi. Samo za zemanje dozvoleno e da se vleze, oti neli ne znae deteto koga si dojden da go zemes.
I ucitelkite si imaat oznaceno deka imaat priemen den i vo kolku casot, pa sekoj roditel koj saka moze da otide toj den kaj nea i da si napravi muabet.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола
Следниве корисници изразија благодарност: julija

Ре: Првачиња 25 Окт 2011 00:02 #161017

  • 987654321
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 2
Поздрав до сите мамички на малите,а големи првачиња
Барајќи некои стихотворби за на училиште го пронајдов стариот сајт, па потоа дојдов овде и бидејќи сум учителка која прв пат оваа година има првачиња ме заинтересира оваа дискусија и се зачленив специјално за да коментирам овде.Ќе кажам неколку работи од аспект на наставниците.Во однос на материјалите за работа јас им дадов список на родителите сами да си купат,точно поради радоста и на родителите, а посебно на децата за првиот училишен прибор,но за некои работи кои ќе ги користат сите деца заедно се договоривме да се соберат пари и да се купат заеднички (глина, материјал кој ќе го користиме во истражувања и сл.). Прво одделение треба да биде премин од активностите што ги имаат во градинка кон активности кои ќе ги имаат понатаму во училиште,адаптација на децата да станат ученици. Поради овие причини не смее да се претерува со строгост - да седат 4 часа без да мрднат од столчињата, треба содржините да се усвојуваат интерактивно,секој ден да се пее или да се кажи некоја приказна поврзана со содржината што се учи, да се учи преку игра, да се црта, да се драматизира. Ако наставникот зборува подолго време на учениците им станува досадно.Овај период учиме за есента и јас со моето одделение бевме да набљудуваме овошна и зеленчукова градина. Кога се враќавме собравме паднати лисја - тоа траеше 2 часа. После одморот кој го искористивме за јадење на третиот час разговаравме што сме виделе и половина од 3 час заедно со 4 час собраните лисја децата ги лепеа на претходно испечатени листови - прикачив слика со изработките и додека работеа им пуштив песничка за есента - час и половина постојано ја слушаа, им реков да слушаат и да си потпевнуваат и полека додека лепеа ја научија песничката. За домашна работа имаа да нацртаат што посетивме. Наредниот ден со проектор им презентирав клип за есента и презентација за овошје,зеленчук и работата на луѓето во есен.Им драматизирав драмски текст - Дедо Медо и крушата, разговаравме за текстот и потоа тие го драматизираа во групи, но не научен на памет, туку она што го запамтиле, со моја помош, потпрашување и дополнување.За домашна работа имаа од учебникот по македонски јазик да го прецртаат овошјето. Децата преку набљудување, раговор, игра учеа за есента.Овие содржини можев да им ги раскажувам, тие да слушаат, да им кажам да нацртаат нешто на часот и тогаш ќе им беше досадно, немаше да седат и да ме слушаат, јас ќе ги карав, ќе викав и ќе се нервирав. Но за да им пуштам клип, јас дома изгубив време да најдам нешто што е соодветно, изгубив време да правам презентација, печатев лисја. Голем број од наставниците тоа не го прават, бидејќи немаат мотивација, дали ќе губат од своето приватно време и ќе се трудат часот да биде интересен, или ќе дојдат на работа, ќе ја погледнат содржината и ќе зборуваат она што ќе им текне во моментот за есента или друга тема- платата е иста. Значи за да им биде интересно на децата не треба да има монотонија и само седење, цртање и разговор, треба голем подготовка на наставникот и осмислување на часовите, но и мотивација за истото.
Мислам дека треба да има домашна работа за да се создава навика кај учениците,но да не биде преобемна. Јас давам домашна секој ден, да нацртаат нешто, а имаме научено и 4 песнички до сега. Она што како наставник ми смета е што некои родители целосно ја работат домашната на нивните деца.Јас веќе неколку пати им реков дека домашната работа не е за нив, но кога прегледувам по неколку дена, пак гледам цртежи кои и јас не би можела да ги нацртам,а не пак прваче (имам талентирани родители ), постојано им велам дека нивните деца цртаат поубаво од нив, ама некои не ме разбираат и си продолжуваат, а со тоа му прават лоша услуга на детето.
Првите месеци се најтешки и за наставниците. Во моето одделение има две деца што не се делат од мене, едно машко и едно девојче. Кога е одморот само што ќе се доближам до вратата и двајцата тргнуваат по мене, не можам да мрднам сама.Пробував со разговор, со игра,но ништо.Еднаш успеав да им избегам без да ме видат и кога се вратив девојчето се тресеше од плачење, па оттогаш не се обидувам.На часот кога работев со проектор на девојчето му се одеше во WC и како и секогаш ми кажа да ја однесам,но требаше во училницата да го оставам проекторот и лаптопот со дваесетина љубопитни деца. Среќа во цела ситуација беше што во тие моменти влегоа постари ученици да соопштат нешто и ги замолив да останат во училница додека да се вратам - инаку требаше да избирам што да ризикувам, дали девојчето ќе издржи уште половина час или да одам со неа и да ја оставам скапата техника со децата, па како ќе биди - така..
Исто така има голема разлика меѓу децата во нивните предзнаења. Некои деца не знаат молив да држат в раце, а други знаат да ги пишуваат буквите. Имам еден ученик кој се црта исто, дали е тоа човек,куќа, овошје - кај него е слично нацртано - чкртано, а има деца што цртаат одлично за нивна возраст. Не можат сите да бидат исто, но како наставник треба да им обрнеш внимание на сите, на тоа што не знае да му објасниш и да му помогниш, а она што знае и ќе нацрта побрзо да му најдиш друга активност за да не прави галама на часот.Тоа е најтешко кај првачињата бидејќи понатаму веќе влегуваат во некој колосек и е полесно да им дадеш активност, да читаат нешто дополнително или да напишат.
За пишувањето на буквите - точно е дека треба во прво одделение само да ги препознаваат, а веќе во второ да пишуваат. Една од причините за тоа е развојот на моториката на раката, да не ги научат сега да ги пишуваат искривени бидејќи сеуште раката не е навкната да пишува прецизно - барем кај поголем дел од децата. Но што се случува... Во одделението имам ученик кој знае да чита и да пишува, имам ученици кои ми кажуваат дека со мама денес научиле нова буква... и јас како наставвник што да правам..тие родители ќе ме обвинат дека не работам со децата, дека им кажувам глупости наместо да ги учам да пишуваат, па јас уште сега се спремам дека во второ полугодие ќе имам комбинирана настав - деца што ќе ги препознаваат буквите и деца што веќе ќе пишуваат.
За прашуавњето на наставничката околу вашите деца - Од комуникацијата родител - наставник многу зависи успешноста на учениците, но се треба да биде во одредени граници. Постојат родители кои делуваат незаинтересирано за детето, па доаѓаат, го земаат детето и никогаш ништо не прашуваат,но има и родители кои прашуваат секој ден и навистина не знам што очекуваат да им кажам дека драматично се променило од претходниот ден. За успешна комуникација треба нешто помеѓу. Најинтересна ми беше една мајка која вториот ден ме праша како е нејзиното дете, но детето веќе беше излезено од училница и таа ми го кажа името, а јас уште имињата не им ги знаев, се ми беше хаос. Тој ден едно дете плачеше за дома,директорот ми донесе нов ученик оти родителите не сакале да биди кај другата наставничка -значи јас се обидував да ја контролрам ситуацијата и некако да помине тој ден,а не пак да кажам за секој ученик посебно некое мислење од 2-3 саати. Да,кажав на родителите од расплаканото дете, но сите други ми беа исти.Значи прашувајте, интересирајте се што се работи на часовите, како е вашето дете, но не претерувајте, бидејќи наставничката има повеќе од 20 деца и не може да го знае секој ден, секој потег на секое дете.Ако до сега работело добро,тоа значи дека се очекува така да продолжи, но по одредено време прашајте дали има некои промени, а би требало и наставничката ако забележи нешто сама да ве повика и да ви кажи. Ако имало некој проблем, не прашувајте секој ден дали тоа е решено, дајте му време на детето да се прилагоди, работете со него дома на решавање на тој проблем и по неколку дена прашајте ја наставничката.
Јас се изнапишував, ама сакав по малку да искоментирам за се што досега сте дискутирале од еден поинаков агол - на наставник.Ќе ве читам редовно за да го видам објективно мислењето на родителите,бидејќи иако јас им кажувам дека сакам пријателски однос и досега секогаш таков однос сум имала со родителите, сепак мислам дека некогаш им е непријатно некои работи да ги кажат или ги кажуваат заобиколено,а јас навистина сакам да го слушнам мислењето - некогаш нешто ќе прифатам,некогаш не.
Поздрав до сите првачиња
Атачменти:
  • Атачмент Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.
Последна промена: 25 Окт 2011 00:11 Од 987654321.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Annabel Lee, mamaAnita, Marge

Ре: Првачиња 23 Фев 2012 10:16 #183355

  • mamicka
  • Вози мотор
  • Moдератор
  • :)
  • Теми: 867
Mamicki ajde kazete kako sse prvacinjata? Sto ucite sega? Imate li domasni?

Nie sega pocnavme da ucime bukvi i brojki, pocledna bukva ni bese v a broj 3. Isto taka ucime i pogolemo ednakvo pomalo i znacite, pa vezbame vo vrska so toa.

Ре: Првачиња 27 Авг 2012 08:24 #211465

  • Dolphin
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2499
imame li prvacinja na forumov , ajde mamicki kazete vozbudeni li ste , se spremate li za prviot ucilisen cas?
moeto prvace e od tie pogolemite prvacinja vo sredno sto pocnuvaat pa ke vidime kako ke bide

Ре: Првачиња 27 Авг 2012 13:35 #211511

  • vetmedvesna
  • Вози мотор
  • senior
  • Life is short.Smile while you still have teeth.
  • Теми: 1887
Јана ќе биде прваче...за возбуда незнам баш, но за страв и паника кај мене има охохо. Јана е возбудена, со голем дел од децата со кои беше во градинка и ќе учи. Купивме ранец,на Target т.е. и купи тетка и, исто такво и мало ташниче, прибори добивме неколку на поклон. Фустанче и купив сега од одмор едно многу интересно морнарско со голема црвена машна и такви балетанки, но Јана не сака да го носи тоа, туку фустанот од роденденот
Со среќа на сите првачиња, без оглед дали се првачиња во основно, средно или факултет....сеедно, секоја промена е тешка

Ре: Првачиња 27 Авг 2012 15:05 #211523

  • bubamara
  • Вози мотор
  • Moдератор
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
Јас од форумов познавам неколку првачиња и нивните мамички, сега освен ветмедвесна не гледам други пријавени, како и да е нека им е со лесно на сите, само петки без многу труд да редат И убедена сум дека мајките се повозбудени од децата, нас другата година не чека истово и од сега сум максимум возбудена, тек догодина, у делириум ќе бидам

ветмедвесна , Јана е снаодливка права, ќе си ги нареди работите она, срцка Со лесно нека е, ајде нека поуживка уште оваа недела
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, vetmedvesna

Ре: Првачиња 27 Авг 2012 17:17 #211534

  • Mama Ane
  • Вози мотор
  • Супер модератор
  • Теми: 4952
I nie za edna nedela za prvpat ke sedneme vo ucilisna klupa. Borjan se raduva i edvaj ceka da pocne skolskata godina, a jas??? Nemozam da definiram kako tocno se cuvstvuvam, vo sekoj slucaj znam deka vo nedela vecer nema da mozam da zaspijam od vozbuda
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
Следниве корисници изразија благодарност: vetmedvesna
Модератори: bubamara, Zoja
Страницата беше креирана за: 1.94 секунди
Банер
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.