Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“
(1 посетител/и) (1) Гостин
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“

Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 23 Мај 2013 10:23 #239690

  • natasa
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 8
eve kako ni se upropastuva obrazovanieto i natprevaruvackiot duh kaj decata, primer e DRZAVNIOT NATPREVAR PO MATEMATIKA KENGUR...poveke od ocigledno e deka e natprevar za nastavnickite po matematika , a ne za ucenici...hm, koja e verojatnosta deca od isto oddelenie da imaat ist broj bodovi, zar site se isto intiligenti!?...
Link
Последна промена: 29 Мај 2013 08:29 Од Marge. Причина: средување на линк
Следниве корисници изразија благодарност: MajaL

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 23 Мај 2013 10:50 #239695

  • anusska
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1156
Секогаш ова се случува на овој натпревар!!!
Јас не можам да го разберам тоа, но за тоа се виновни наставниците. Ништо не се постигнува со тоа што ќе им ги кажат одговорите на децата, но никако тоа да го разберат. Не знам која е идејата, да се пофалат дека сите нивни деца имаат по 100 и кусур поени.
Но што корист од тоа, коага на си еим е јасно која е вројатноста за тоа и која е веројатноста воопшто децата да имаат толкав број на поени на еден таков натпревар.
Но нејсе, како се' во државаава, така и тоа.
Мојата ќеркичка редовно учествува на овој натпревар. Во нивното училиште нема вакви масовни решавања на задачи и јас ако за ништо друго си го користам за некое споредување на нејзините постигнувања со останатите врсници.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама 20.02.2006 ***
Последна промена: 23 Мај 2013 17:40 Од Mama Ane.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane

Ре:Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 23 Мај 2013 10:53 #239697

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Јас на тоа такмичење никогаш не го пријавувам синко. Зошто??? Оти наставничките добиваат поени колку повеќе деца се пријавени они ќе имаат бенфит. Тоа го дознавме преклани. И да ми извините каков е тој натрпевар кога може да се пријави и дете кое само ќе плати а нема појма од математика. На натпревар по математика одат само најдобрите. (а не по цели одд. како што е случај кај нас). Инаку пред 2 години се пријави дете за тестирање кое беше слабо по математика и самата наставничка го одби му рече не си за, за да по два дена сконта дека секое дете и носи поени и пари, па така после му рече е ај сега може. Ама тогаш родителите рекоа е сега неможе. Така да ова тестирање ми само фарса невидена.
Последна промена: 23 Мај 2013 17:40 Од Mama Ane.
Следниве корисници изразија благодарност: MajaL

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 23 Мај 2013 11:13 #239700

  • anusska
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1156
Натпреварот Кенгур не е типичен математички натпревар. И факте е дека на него може да учествува која сака со котизација. Но пак, што има лошо во тоа? Резултатите и онака ќе покажат кој колку знае. Има еден куп деца со по 5,10 и сличен мал број на бодови.
А за класичните натпревари по математика, кои почнуваат од шесто одделение нагоре, училиштата имаат други критериуми. Си постојат локални методи на селекција и таму не оди секое дете. Оваа година во нашето училиште на 2 пати ги тестираа подобрите дечиња за да се одберат само 3 деца од генерација кои ќе присуствуваат на регионалниот натпревар.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама 20.02.2006 ***
Последна промена: 23 Мај 2013 17:41 Од Mama Ane.

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 23 Мај 2013 19:11 #239725

  • Marge
  • Вози мотор
  • Супер модератор
  • Теми: 3019
Sin mi bese ovaa godina na natprevarot za prvpat i iskreno jas ocekuvav povekje od konceptot za natprevaruvanje. Prvo, toj i uste edno dete od negovo oddelenie vazat za deca koi vo momentov najdobro se snaogjaat vo matematikata i prvo im bese kazano na niv dvajca deka kke odat. Posle izleze deka site deca sto sakaat mozat da ucestvuvaat.
Drugo, testot e dizajniran za povekje oddelenija, konkretno ovoj test kaj sin mi bil za prvo, vtoro i treto odd. I normalno pomalive ne mozat da gi resat site zadaci.
Treto, vo ucilnicata kaj sin mi se natprevaruvale vtoro i cetvrto odd pa dozvolile dve sestri da sedat zaedno. I normalno taa od cetvrto odd i gi kazala zadacite na pomalata sestra od II odd.
I uste nesto mnogu mi e cudno. Kaj vtoro oddelenie nema nitu eden ucenik so maksimalni 120 poeni, a vo prvo oddelenie (koi go resavale istiot test ) ima eden kup 120- ki. Tuka nesto ne stima neli?!
Ama od druga strana osvoeno mesto na Kengur znaci mnogu za bodiranje pri upis vo sredno skolo.

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 23 Мај 2013 20:29 #239727

  • anusska
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1156
Јас не сум баш запознаена за придонесот на бодовите од Кенгур при запишување во средно училиште. Уште од првата година увидов дека има секакви ситуации на тој натпревар и не ми изгледа дека тој се сфаќа доволно сериозно. Инаку тестот за оделенитеа од 1-во до 3-то почнуваше со исти задачи, но првачињата ги имаа за решавање само првите 10 задачи, не знам како одело понатаму до трето. Можно е после и второ и рето да ги имале сите задачи. Обично по 2 одделенија работат ист тест. Оваа година, на пример, бидејќи поголемата ќеркичка ми е шесто одделение, знам дека имаа ист тест со седмо одделение - деветтолетка. И не сум сигурна, но мислам дека ни рангирањетои бодувањто сепак не е исто.
Една работа во врска со овие тестови е дека за времето кое им е дадено на располагање ногу мала бројка од децата би можела да ги реши сите задачи, а да не зборувам за тоа пак сите да бидат точни. Тоа се комбинација од логички проблеми и математички задачи, почнувајќи од најлесни и доаѓајќи до сериозни проблеми кои секого би замислиле.
Мене како концепт ми се допаѓа, но, за жал во нашава држава и ова тестирање ја има изгубено сета смисла.
Јас ви кажав зошто и затоа и продолжувам да ја поттикнувам ќеркичката да оди на тој натпревар: јас на него гледам како еден вид на самопроверка.
Но сепак е штета што не се спроведува целосно како што доликува на едно тестирање.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама 20.02.2006 ***

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 28 Мај 2013 14:22 #239920

  • MajaL
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 160
Sanja si go videla testot za vtoro oddelenie?
Nezdrava rabota, prvo zadacite se loso postaveni, neobjasneti. Testot bese nekoja bleda kopija sto decata ne mozele da ja procitaat. Horor.
Zadacite nejasni i za roditelite. Sin mi go donese testot doma i tolku se iznervirav sto iskreno ne znam ni dali ke go prakam veke na toj natprevar. Toj e mnogu dobar matematika, MM mu posvetuva mnogu vnimanie i znae mnogu napredni zadaci ama ne moze da se iskaze na kengur ako ne moze da razberam ni jas sto sakaat od zadacite. Sramota za natprevar od takov rang. Mislam deka ke go prakam samo na skolskite natprevari kako sto bea vo nase vreme

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 29 Мај 2013 08:47 #239947

  • Marge
  • Вози мотор
  • Супер модератор
  • Теми: 3019
MajaL напиша:
Sanja si go videla testot za vtoro oddelenie?
Nezdrava rabota, prvo zadacite se loso postaveni, neobjasneti. Testot bese nekoja bleda kopija sto decata ne mozele da ja procitaat. Horor.


Да, ги видов задачите, и тие немаат врска со материјата која ја изучуваат во школо. И точно е тоа дека тестот беше лошо фотокопиран и тоа за да заштедат на материјал беа копирани по 2 страни на А4 формат па буквите и бројките беа многу ситни.
Инаку, овие се логички задачи и голем дел од децата на таа возраст не можат да ги решат. Дополнително им задава мака на помаливе (во конкретниот случај на второодделенците) што има многу задачи кои можат да ги решат само логичарите од трето одделение.
Со син ми се подготвувавме и претходно (пошто ни дадоа тестови од претходните години) и на почетокот многу тешко му одеше да сфати што се бара во задачите. После им влезе во штосот, ама па на натпреварот направил утка во заокружувањето, пошто нели на друго ливче се заокружуваат одговорите. Тој убаво си ги решил повеќето задачи ама за првата задача го заокружил вториот одговор на ливчето за втората задача третиот одговор и така натака....

Сепак, ова му беше прво вакво искуство, а понекогаш најдобро се учи на сопствените грешки

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 22 Авг 2013 23:10 #243093

  • sonne
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 1
Јас учествував на овој натпревар од 3то одделение до 4та година. Ова е МЕЃУНАРОДЕН натпревар, и ако ги прочитате правилата, ќе забележите дека задачите се скоро исти (секоја земја има право да измени 5 задачи од 30). Значи, целта на натпреварот не е да се провери колку детето го совладало материјалот што се учи во училиште, туку да се провери логиката кај детето. Токму затоа има случаи каде што деца кои не ваделе доволно добри резултати во училиште, поминуваат одлично на Кенгур, и обратно. Грижата за тоа дали некој препишувал или не е непотребна, едноставно вие го праќате вашето дете да се натпреварува, и на крајот забележувате дали детето постигнало добар или лош резултат. Задачите се секогаш прилагодени за возраста, и по мое искуство, доволно објаснети и јасно поставени. Комплетно го поддржувам натпреварот, единствената критика е можеби тоа што се неквалитетно и премногу ситно испечатени задачите, но никогаш не сум била во ситуација да одговорам грешно бидејќи не сум ги проќитала точно одговорите. Иако сум учествувала и на државни натпревари и олимпијади, Кенгур ми е омилениот натпревар, бидејќи ја тестира интелегенцијата, и не треба премногу подготовки . Се надевам (доколку уште не е воведено), дека во иднина ќе има награди за најдобрите! (тоа си го организира секоја земја)

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 20 Мар 2014 14:30 #249342

  • Marge
  • Вози мотор
  • Супер модератор
  • Теми: 3019
Дали имате информација зошто денес не се одржа натпреваров на ниво на цела држава? Требаше да биде денес од 11 часот во цела Македонија, а не се одржал в ниту едно школо.

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 20 Мар 2014 15:54 #249344

  • Annabel Lee
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
Немале лиценца, така ми кажаа на училиште, најверојатно мислеа на здружението на математичари што го организира.

Инаку утрово кога ја носев ќерка ми на училиште сеуште не беа сигурни дали ќе се одржи натпреварот, а истиот беше закажан од 11 часот. И баш бевме возбудени зашто е прваче и ќе и беше прв посериозен натпревар во животот
Следниве корисници изразија благодарност: Marge

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 20 Мар 2014 22:54 #249352

  • zence
  • Присутен
  • toddler
  • Теми: 435
Во Кузман Јосифовски Питу- Кисела Вода денес се одржа натпреварот.
Golemata 2001, srednata 2004 i maliot 2009

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 20 Мар 2014 23:15 #249353

  • Marge
  • Вози мотор
  • Супер модератор
  • Теми: 3019
Zence, jas kolku sto znam vo cela Makedonija e otkazan natprevarot.

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 21 Мар 2014 08:55 #249358

  • anusska
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1156
Никој нема дадено официјална информација, но има школи кои учествувале и школи кои се откажаа од натпреварот. од кои причини - не знам. Претпоставувам дека станува збор за некој куршлус меѓу школите и огранизаторот. Поголемата ќерка требаше да оди на натпревар по математика, но сега како да нема активности ни околу тоа.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама 20.02.2006 ***

Ре: Меѓународен натпревар по математика „ КЕНГУР“ 21 Мар 2014 09:01 #249359

  • Big Sister
  • Присутен
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7280
Denes izleze informacija vo vest, deka natprevarot se otkazal zatoa sto direktorite na skolite nemale odobrenie od MON. Dodeka od tamu velat deka tie ne go zabranile natprevarot, nitu deka dobile barenje za mislenje od bilo koe uciliste i deka toa e samo individualna odluka na direktorite. denes so oficijalen stav ke izleze i organizatorot na natprevarot na nivniot portal.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола
Следниве корисници изразија благодарност: anusska
  • Страна:
  • 1
  • 2
Модератори: bubamara, Zoja
Страницата беше креирана за: 2.04 секунди
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.