Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

Екстерно оценување
(1 посетител/и) (1) Гостин

ТЕМА: Екстерно оценување

Екстерно оценување 24 Апр 2013 14:23 #237709

  • bart
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2894
Минатата недела бев на родителска кај син ми. Петто одделение е и искрено да ви кажам ми се крена коса на глава кога слушнав за ова екстерно оценување. Би требало да имаат два предмета, најверојатно македонски и математика, отприлика крај на мај, ама уште не е се` дефинирано кога, како, зошто, а тоа е моментот што највише ме нервира- не знаат да ти кажат, а има само еден месец- кога ќе ги одбиеме празниците и помалку.
Ајде математика ќе вежбаме задачи уште сега, ама што да работам со син ми по македонски? Граматика, текстови?
Во целиов муабет многу ме нервира и моментот демек тоа не е за оценка на децата, туку повеќе за контрола на професорите дали добро предавале и реално оценувале. А, при тоа забораваат да спомнат дека и тие оденки ќе им влезат во сведителство. Да не зборам дека тоа стрес за децата, па и за мене како родител. Ако цела година не научил сега за 20 дена јас дома треба да го научам? Во школо тековно имаат нов материјал за работа и сигурно нема да имаат доволно време да се потсетуваат на цел материјал од цела година.
А, сево ова важи за деца од четврто одделение па нагоре.
Мислам, уште што нема да им истекне.
Што мислите вие за ова? Ќе вежбате со децата по дома? Како ќе се справите со нерви, време итн?
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 14:37 #237712

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Искрено ич не се замарам со екстерново. Нека му ја мисли наставничката каде поклонувала оценки.
Вчера синко во школо имаа пробно екстерно со прашања од општа култура.
Беше пресреќен се поминало како треба многу бил лесен тестот и брзо завршиле.
Инаку тестирањето нема да биде одеднаш на цело одделение. Туку тестирањето ќе почне од 22-23 Мај и ќе трае до 10 Јуни. Вклучувајќи ги и саботите. Децата ќе бидат известени една недела претходно по кој предмет ќе биде тестирањето. И например тие од V одд. ќе се тестираат заедно со другите одд. Т.е неколку деца од V неколу од VI итн. По азбучен ред. И како синко што е претпоследен во дневник ќе го тестираат на 10 Јуни. Глупости.
Сум за контрола на професорите, ама не нервира што они ги притискаат децата мора да се учи бла бла бла. Моето дете нема трема кога има тестови или испрашување (што го сметам како најголем бенефит) ама сега откако почнаа на школо постојано да им го зборат тоа екстерно тестирање го гледам почна да го фаќа трема. Јас дома му кажувам ич да не му е гајле. Колку му останало во глава толку. Тоа треба да биде тест и за самиот систем на образование, не е целта сега 10 дена пред тест да седне да се учи. Ова треба да им биде поука и да видат колкав ефект има тоа што го учат преку целата година.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Koni, bart

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 14:56 #237714

  • bart
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2894
Taka e, ama na krajot od prikaznata ocenkite im vleguvaat vo sveditelstvo, pa moze da im rasipe prosek ako bas na testot od trema ja utne rabotata. A, toa pa ke se odrazi na upis vo sredno koga se ocenuva prosekot od osnovno (ako do togas ne smenat nesto )
Kaj nas ne kazale nisto za podelba na ucenicite i tie stvari.
I, eve sega namesto da pustam dete da si igra nadvor na soncevo, a ja da meditiram posle nokna smena, treba da go sednam da vezbame zadaci.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 15:19 #237715

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Bart ne go gnjavi deteto ziti majka.
Ostaj go da si igra. A plus neznaes dali testoto ke bide po matematika ili makedonski. Taka da mozes da se utepas zadaci vezbanje, a posle da ima pridavki na eksterno.

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 16:33 #237723

  • Octavia
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 260
Јас колку што знам оценката од екстерното тестирање не влегува во свидетелство. НО, ако се разликува за 2 или повеќе оценки од оценката дадена од наставникот, се вади средна оценка и се намалува оценката на ученикот. На пр. детето има 5, на екстерниот тест добива 3, оценката за крај на година се намалува на 4. Нормално, има санкции и за наставниците кај кои ќе се јавуваат големи разлики во оценките.
Инаку, и син ми е петто одделение и јас сметам дека на таа возраст се премногу мали за таков стрес и таков начин на оценување. И навистина е премногу од дете на таа возраст да се бара да се снаоѓа во материјал од цела година. Навистина, некои работи се општи и треба да ги знае секако (на пример, од македонски јазик- видови реченици според состав мора да знае, не е нешто што се учи на памет само за една употреба) ама сепак, нивната наставничка можеби им дава тестови направени на еден начин, овие екстерните да се направени на некој сосема друг начин и ете прилика да се збуни детето. А патем, наставничката на син ми не остав ни една недела да помине без да имаат тест по нешто, има страшен критериум (за 5 се потребни најмалку 95% бодови) и ако ништо друго, барем немаат стрес од тестирање, тоа им е како „добар ден“.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 17:14 #237728

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Јас колку што знам оценката од екстерното тестирање не влегува во свидетелство. НО, ако се разликува за 2 или повеќе оценки од оценката дадена од наставникот, се вади средна оценка и се намалува оценката на ученикот. На пр. детето има 5, на екстерниот тест добива 3, оценката за крај на година се намалува на 4. Нормално, има санкции и за наставниците кај кои ќе се јавуваат големи разлики во оценките.


Така кажаа. Но сега има измени. Во сведителството покрај оценката од наставникот ќе стои и оценката од екстерното тестирање. Којзнае на крај како уствари ќе биде

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 17:51 #237733

  • andrea
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 44
Јас сеуште не можам да ја сватам поентата на ова тестирање,освен што дополнително им се отежнува на децата,па на школо само за тоа им се зборува,тие и така имаат обемен материјал па уште тоа им требаше.

Ре: Екстерно оценување 24 Апр 2013 20:07 #237734

  • Frenky
  • Вози мотор
  • Васе Султанa
  • Теми: 4099
macika напиша:
Искрено ич не се замарам со екстерново. Нека му ја мисли наставничката каде поклонувала оценки.


i jas mislev taka, ama...popladnevo razgovarav so edna nastavnichka od edno skopsko shkolo. sosema sluchajno zoshto ne mi e predmet ne interes, iako i kaj nas bi trebalo da ima.
samiot proekt spored nejze ne chini ama vekje ima efekt. od koga e voveden, nastavnichkite mnogu povekje vnimavaat na ocenuvanjeto vo smisla na korektno i objektivno davanje ocenki. vladee strav megju kadarot, pa koga kje treba da podari ocenka, 3 pati razmisluva. odnosot so roditelite e ochigledno narushen. ova se nejzini zborovi.

najmnogu e zagrizena poradi faktot deka ima mnogu deca koi se na granica so nekoja ocenka, kako na pr. megju 4-ka i 5-ka. ona shto ima vlijanie na krajnata ocenka se aktivnostite na chas, kolku uchenikot e redoven, dopolnitelni aktivnosti po toj predmet i ushte nekolku faktori. pa kako shto kaza samata, vo toj sluchaj stavam 5-ka iako teoretski ne zasluzuva. no toe e eden vid na nagrada i motiv za ponataka. toa e neshto shto vo testiranjeto komisijata ne go znae i nemoze da go vidi, pa zatoa kje se javi problem.
koga kje bidam vo takva dilema, kako shto kazuva samata, avtomatski kje stavam 4-ka za da se pokrijam jas.

e ova za mene e problem zatoa shto od decata se pravat teoretichari, ne se vrednuvaat drugi vrednosti i kvaliteti. vo grafite vo dnevnikot ima ocenki samo za usno i pismeno znaenje. osven toa, komisijata nema drugi informacii za deteto.

testiranje treba da ima, megjutoa ima mnogu nedoslednosti i maani. ovoj metod bil isfrlen od mnogu zemji, mnogu skoro po negovoto voveduvanje.
Последна промена: 24 Апр 2013 20:08 Од Frenky.
Следниве корисници изразија благодарност: Octavia

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 09:03 #237763

  • bart
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2894
Никад не сум молела наставници за оценки на децата, колку знае таква оценка и ќе добие. Може само да ги замолам за да дополнително ги испрашаат, така да нема што да ми се расипе било каков однос со наставниците. Тоа други нека му ја мислат мене не ме засега. Она што ме засега е неинформираноста, што никој не знае точно да ти каже што и како ќе биде, туку се` се сведува само на претпоставки, а времето си тече. Ме нервираат работи што се прават во 5 до 12, па нека се и најбанални, а не па ваков проект или оценување, или како веќе да го наречам. Еве, ја прашувам ќерка ми во средно дали им спомнале нешто за тестирањево и она вика дека ги прашувале професориве и класната што и како ќе биде, и никој не знаел уште ништо да им каже???? Катастрофа, барем според мене. Па, сега морам да и` пишувам мејлови на класната за да се информираме, макар што ако знаела и на нив ќе им кажела.
Сега на родителската кај син ми оценувањето им беше описно, а искрено од тоа описно оценување јас лично не можам баш да проценам дали детево е за 4 или 5 на пример, па се водам по тоа дека ако пишува „со помош на наставникот“ значи не е баш ок и треба повеќе да работи на таа тема. Најмалку 3 до 4 пати неделно работам со него (ако го оставам сам може и да ми забушава) и знам колку знае или не знае, ама мене никој не ме прашува. Знам дека многу брза кога решава задачи, па заради обична глупост да погреши, па точно поради тоа и се нервирам како ќе помине на тие тестови. А, лично он уопште не се стресува и не сакам јас да му внесувам некоја тензија или страв,ама морам да го опоменувам да не брза за да не згреши, па да ја провери после задачата или да внимава на ракописот затоа што му е како на лекар пред пензија. Точно она кое го пишува Мама Васе- работите не се секогаш црно или бело, има и нијанси, поготово кај помали деца кои треба со подобра оценка да бидат мотивирани ако веќе во нив има капацитет.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 11:17 #237773

  • Majsi
  • Вози мотор
  • Администратор
  • Теми: 5118
Sabajlevo na Sitel zborea za ova. Rekoa deka 10 dena pred da bide testiranjeto ke bidat informirani i nastavnicite/profesorite i decata. Togas ke im kazat za denovite i vremeto na testiranjeto, kako i po koj predmeti toa ke bide.
trtlata na mamika

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 13:23 #237788

  • Octavia
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 260
И јас си имам иста мака со синот, мнооогу е некогаш брзоплет, од што мисли дека е лесно ќе утне кај најлесното. Задача математика на пр. знае да згреши нешто неверојатно лесно, на пример на страна делел, добил резултат и кога го препишувал во задачата утнал една цифра и продолжил со тој згрешениот број да ја решава задачата... Јас ја сфаќам поентата на екстерното тестирање, посебно кај нас, кога знаеме дека има основни училишта со просек на ниво на училиште скоро 5,00... (имаше едно мислам беше 4,90 просек на ниво на школи или нешто слично до тоа). И факт е дека во основно се пумпаа оценките нереално (некаде, не секаде, ама поголем %). Ама треба да се најде начин побезболен за децата. И не се децата виновни што цел концепт образовен е така поставен.
(Еве читав за образованието во Финска, НАЈДОБРО во светот, докажано, а таму во цело основно децата НЕМААТ ОЦЕНКИ и НЕМААТ ДОМАШНИ -син ми веднаш посака во Финска да се селиме , никој не ги тера децата да се тресат која оценка ќе ја добијат и резултатот е-најдобро школство во светот според истражувањата на светските огранизации за таа проблематика). Сакам да кажам-повторно креираме генерации експериментални глувчиња, а ова СИГУРНО нема да го направи школството поквалитетно.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 15:10 #237794

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Значи тоа што до III odd. децата не се оценуваат се покажа како добро. Оти кај се навикуваат помали на системот училиште па уште да се секираат и за оценки. Но од IV odd. почна и оценувањето секако како мерка и за стимулација. Но највише од се мрзам кога се учи за оценка. Јас моето дете не го учам дома така. Он е тип што се нервира кога ќе добие 4. А првата ја имаше лани во второ полугодие и ако ви кажам какви трауми беа циркузи. И на крај сите деца 5. И оние што учеле и оние што се труделе и оние што си дремеле. Значи овој начин на оценување кај нас трае со децении. Уште од мое време.
Кога ќе одев во Белград на гости кај роднините и кога ќе ме прашаа како сум завршила пример VI одд. и јас ќе кажев скроз одлична тие тамо паѓаа во несвест. Оти скроз одличен може да е еден во клас или во генерација. Инаку најмногу имаа врло добри. И треба да се научат децата дека и 4 и 3 се добри оценки. Дека и тие оценки треба да се заслужат.
Во однос на тоа што пишува мамаВасе дека ќе бидат обесправени децата искрено се сомневам. Зошто сепак ако детето си знае и си учи и на екстерното тестирање резултатот ќе биде добар. Не е страшно ако бил оценет со 5 од наставникот, а на екстерно добие 4. Напротив па, еве баш денес си коментиравме со еден родител и вика конечно ова екстерно ќе биде добро за моето дете, оти каков влечко е само вака на компјутер со клик може да добие 5. Значи сите си гледаме од различни страни бидејќи имаме разлини ученичиња дома.
Јас лично не сум за екстерно , но сум да се води контрола над наставниците и да бидат построги критериумите за оценување.

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 20:46 #237826

  • Frenky
  • Вози мотор
  • Васе Султанa
  • Теми: 4099
macika напиша:

Во однос на тоа што пишува мамаВасе дека ќе бидат обесправени децата искрено се сомневам. Зошто сепак ако детето си знае и си учи и на екстерното тестирање резултатот ќе биде добар. Не е страшно ако бил оценет со 5 од наставникот, а на екстерно добие 4.


teoretski da. ama vo praksa ne e bash taka. istata uchitelka vika deka ima deca koi na usno isprashuvanje se pokazuvaat odlichni, a na pismeno se ,,kochat,,. a dopolnitelno vlijae i stresot koj e mnogu vazen faktor. da zboruvame za studenti, pekim. ama deca od 10-11 god, pa tie ne ni znaat kako da se spravat so istiot, ushte pomalku da se kontroliraat. sekako deka ne e strashno ako dobie na eksterno 4-ka, ama toj eden test na krajot na godinata, sam po sebe ne znachi mnogu. dali voopshto e potrebno vakvo neshto za da na kraj imame rezultati na koj ne mozeme da se potpreme 100%.
Последна промена: 25 Апр 2013 20:47 Од Frenky.

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 21:39 #237831

  • Mama Ane
  • Вози мотор
  • Супер модератор
  • Теми: 4960
Тотална глупост е ова екстерново оценување Прво и основно неможеш ученикот да го оцениш моментално, кога се спушта конечната оценка во предвид влегуваат еден тон критериуми за оценување, неможе тоа туку така од еден тест со неколку клика да дадеш конечна оценка (па на секој му се случува да му се блокира мозокот ) Сум за воведување на вакви тестирања, но континуирано во текот на целата учебна година, повеќе пати па на основа на тоа да се даде конечна оценка. Се надевам обидот да го воведат ќе им биде неуспешен и нема да се спроведува во иднина. Инаку да екстерново е стрикно за проверка на наставниците, за тоа колку се реални во оценувањето и колку се успешни во предавањето
Времето ќе покаже како се ќе се одвива, пробното тестирање створи толкава паника кај учениците, а всушност беше само техничка проверка на системот, а не на знаења. Ќерка ми цела недела неспиеше од паника Можам да замислам како ќе биде главното во Мај
Барт верувај дека никој ништо не знае за екстерново тестирање и затоа ништо не ви кажуваат наставниците. Уште не им е се осмислено како што треба од министерството, се останато се шпекулации и паника помеѓу родителите.
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006

Ре: Екстерно оценување 25 Апр 2013 22:05 #237834

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7262
Nas na roditelski ni spomnaa deka ke imale decava vo vtoro oddelenie probno eksterno ocenuvanje. bog da cuva. Nekni ni rekoa da vezbame diktati, matematika i citanje, da povtorime ZPO. Ne da e glupost... nevidena..
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола
Модератори: bubamara, Zoja
Страницата беше креирана за: 1.09 секунди
Банер
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.