Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

Екстерно оценување
(1 посетител/и) (1) Гостин

ТЕМА: Екстерно оценување

Ре: Екстерно оценување 29 Апр 2013 14:48 #238187

  • izabella
  • Вози мотор
  • junior
  • Pink up your day!
  • Теми: 691
Eve jas doznav nesto za ova eksterno testiranje od snaa mi

Testot ke bide sostaven od 30 prasanja, po 3-4 prasanja od sekoj nastaven predmet, prasanjata ke bidat lesni, ke se testiraat od 2 do 9-to oddelenie, prasanjata ke bidat so ponudeni odgovori, samo ke treba da se zaokruzi/shtiklira tocniot odgovor.
Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.

The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !

Ре: Екстерно оценување 09 Мај 2013 06:56 #238850

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Во моментов на АЛФА ТВ гостува државен инспектор од министерство за образование. И фино и убаво објаснува што и како. Искрено мислам дека е тотална глупост и не ми е јасно кој е тој што му текнало вакво нешто.
Значи децата ќе бидат тестирани по два предмети и ќе знаат најдоцна 7 дена пред тестирањето кои два предмети ќе бидат тоа. Ќе бидат тестирани на целиот материјал. (исто срање у боја демек сега ајде цел материјал да се повторува). Се слагам дека треба да се провери колку кој знае, но она што е битно дека во сведителството покрај оценките од наставникот ќе стојат и оценките од екстерното. Стварно преголем залак за децава од основно образование.
А да тестирањето ќе се одвива од 27 Мај до 10 Јуни. И наместо тогаш децава веќе олабавени ќе се тресат како ќе поминат на тестирање. Инаку и сега веќе гледам дека е опадната концентрација и дека едвај чекаат распуст.
Последна промена: 09 Мај 2013 06:57 Од macika.
Следниве корисници изразија благодарност: anusska, zence

Ре: Екстерно оценување 16 Мај 2013 19:30 #239313

  • Octavia
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 260
Кај син ми денес им кажале кога полагаат и кои предмети. Еден од предметите е математика, и мене навистина не ми е јасно како ќе полагаат математика без решавање?! Нели викаа тестовите ќе бидат со избирање точен одговор од понудените, ама математика како ќе го знаеш точниот одговор ако не решаваш? И тој не знае, вика може ќе се едноставни работи што може да се решат на памет, ама па така тестот не е никакво мерило за знаење...
Има некој било какво сознание како би се решавал тест математика на екстерново тестирање? Другиве предмети ми се ОК за таква проверка, ама математика...
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)

Ре: Екстерно оценување 16 Мај 2013 21:38 #239323

  • Mama Ane
  • Вози мотор
  • Супер модератор
  • Теми: 4960
Како бе ги добија предметите за полагање? Па рано е уште.. А за математика јас немам конкретни сознанија ама претпоставка моја е дека мора да има дополнително некој лист за решавање, како инаку
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006

Ре: Екстерно оценување 16 Мај 2013 22:20 #239329

  • Octavia
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 260
Син ми полага на 1 и на 3 јуни, имало списоци во школото. Инаку, за мене е интересно и тоа што децата од едно одделение не полагаат сите исти предмети, имаат различни комбинации.

edit: Најдов сега, ќе може лист и пенкало по математика
П. Дали на учениците им е дозволено користење на дополнителни помагала за време на тестирањето?
О. Дозволено е користење на молив и хартија за следните општо-образовни предмети: математика, физика и хемија.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
Последна промена: 16 Мај 2013 22:24 Од Octavia.

Ре: Екстерно оценување 17 Мај 2013 19:54 #239416

  • Dolphin
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2509
kaj sin mi vo skolo imase probno eksterno testiranje , inaku I-va godina sredno e , rece deka bilo lesno i bezvezno
ama ne svativ , dali ke gi testiraat povtorno ili samo po osnovnite skoli ke bide?

Ре: Екстерно оценување 17 Мај 2013 20:56 #239423

  • Octavia
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 260
Ќе има секаде. Пробното беше само за да се провери софтверот и компјутерите. Од вчера веќе им кажуваат што и кога ќе полагаат и во основните и во средните училишта.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)

Ре: Екстерно оценување 17 Мај 2013 21:38 #239424

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
I jas se vkluciv za da prasam za matematika. Denes sinko e izvesten deka ke bide testiran po matematika i angliski. Bas se iznervirav kako matematika ke se resava. A sto majka pa stranski jazik da se testira. I sekoe dete razlicno ne e fer. Sinko na 31 polaga angliski a na 1 matematika.
Последна промена: 17 Мај 2013 21:41 Од macika.

Ре: Екстерно оценување 17 Мај 2013 22:33 #239431

  • zence
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 435
Поголемата ќерка-6/9 ќе полага Германски и Македонски
Golemata 2001, srednata 2004 i maliot 2009

Ре: Екстерно оценување 19 Мај 2013 16:39 #239478

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889

Ре: Екстерно оценување 19 Мај 2013 17:11 #239479

  • Octavia
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 260
macika напиша:


Macika, linkov ne funkcionira nesto...
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)

Ре: Екстерно оценување 19 Мај 2013 22:13 #239488

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Eksterno ocenuvanje

Eve sega treba da funkcionira.
Последна промена: 19 Мај 2013 22:14 Од macika.
Следниве корисници изразија благодарност: Octavia

Ре: Екстерно оценување 20 Мај 2013 08:49 #239500

  • anusska
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1156
Денеска и ќерка ми си ги дознала предметите. Ама и се погодија: историја и природни науки . Ама тоа е, сега ќе учиме. Инаку од едно одделенија различни деца по различни предмети ќе бидат тестирани. Вака барем ми се разјаснува дилемата околу покриеноста на наставата и наставниците од сите предмети.
Оптеретување е за децата, но ќе мора да се истурка ова очигледно некако.

Гледам има најавен собир денес против екстерното оценување, но искрено мисалм дека ваква иницијатива требаше порано да се покрене.
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама 20.02.2006 ***

Ре: Екстерно оценување 20 Мај 2013 09:14 #239504

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
A синко мој многу сака природни науки и се нервира што не му се паднал тој предмет.

Ре: Екстерно оценување 20 Мај 2013 09:40 #239505

  • Octavia
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 260
Во некои училишта наставниците им кажувале на учениците дека еден од предметите мора да биде јазик, и обратно, дека не може два јазика и дека може да има измени во предметите. Еве син ми нема ниту еден јазик... Лошо е што никој конкретно ништо не знае, сите креваат раменици и сето ова после толку години спремање на проектов ми изгледа многу несериозно. Не ми е јасно како може НИКАДЕ да нема критериум по кој ќе се оценуваат екстерните тестови?! Нели, она што секој наставник мора да го има на крај на тестот, од толку до толку % е 2, од толку до толку % е 3, итн... тие го немаат јавно објавено. ИЛИ, чекаат да видат како ќе помине, па ќутенката да си ги прилагодат критериумите дополнително. За полагање ќе си полагаат како попчиња, за жал, ама најсмешно е што еве прочитав од линкот од МАцика дека „не се цел учениците“ ама парадоксално НИМ ќе им влијае оценката на тестот, а на наставниците им рекле дека оваа година нема да бидат санкционирани, демек затоа што е прва година, ќе им дадат време да се корегираат. И ај сега... цел се наставниците кои ќе бидат поштедени, а не се цел децата кои ќе имаат последици од тестирањево. Никаква логика им немаат изјавиве, ама не ме ни чуди... Каква држава-такво тестирање.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
Последна промена: 20 Мај 2013 09:41 Од Octavia.
Следниве корисници изразија благодарност: anusska, macika
Модератори: bubamara, Zoja
Страницата беше креирана за: 1.02 секунди
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.