Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

Вонбрачна заедница
(1 посетител/и) (1) Гостин
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Вонбрачна заедница

Вонбрачна заедница 27 Ное 2012 21:11 #223365

  • prasence
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1343
Член 13
Заедница на живот на маж и жена која не е заснована во согласност со одредбите на овој закон (вонбрачна заедница) и која траела најмалку една година, е изедначена со брачната заедница во поглед на правото на меѓусебно издржување и имотот стекнат за време на траењето на таа заедница.
Ова е цитат од законот за семејство. А вонбрачната заедница на суд би се докажала со сведоци претпоставувам.

Дали би прифатиле ваков живот?
Јас не ,пред се поради децата, зарем е нормално да растат во вонбрачна заедница, би биле обележани, бидејќи сепак живееме каде што живееме. а и доколку дојде до разделба полесно ако има потпис црно на бело, а не да се растргнеш од барање сведоци, докази и сл.
Последна промена: 27 Ное 2012 21:58 Од Mama Ane.

Ре: Вонбрачна заедница 27 Ное 2012 22:03 #223382

  • Mama Ane
  • Присутен
  • Супер модератор
  • Теми: 4959
Јас како пример ќе ги споменам моите братучетки кои живеат во Чешка во вонбрачни заедници. И двете имаат деца, едната 2, другата едно и немаат намера да се венчаат бидејќи како самохрани мајки државата им дава идеални услови и бенефити при одгледувањето на децата. И сметам дека не треба да има предрасуди за тоа како гледа околината на ова или пак дека тие деца ќе бидат обележани. Љубовта си постои, а парчето хартија нема ништо да смени. Ако веќе доаѓа до разделби комплицирано е и во брачна и во вонбрачна заедница.
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Sani

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 00:11 #223401

  • prasence
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1343
Toa e Ceska, vo Makedonija hmmm...samohrana majka bas i nema ekstra povolnosti.
A i kako se dokazuva deka zivees nekolku godini so nekogo, koga imas razlicna adresa na ziveenje, razlicno prezime..neznam, mene mi e se ova prvenstveno zbunuvacko za decata a potoa i za mene. Treba da mi svedoci komsijata deka ziveam so nekogo vonracno podolgo vreme za da dokazam deka sum vo pravo......zboram dokolku dojde do situacija da mora.

Inaku da, i razvodot ne e pomalku tezok.

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 00:22 #223404

  • Marge
  • Присутен
  • Супер модератор
  • Теми: 3014
A kakva vrska ima sredinata vo koja ziveeme? I kako toa kje bidat "obelezani" decata?
Iako jas sum vo bracna zaednica, go pocituvam pravoto na izbor kaj sekoj. Ako nekoj saka da zivee von bracna zaednica toa si e negova odluka. Uste pomalku mi pagja na pamet da gi obelezuvam nivnite deca.
Pa podobro vonbracna zaednica polna so ljubov otkolku bracna zaednica polna so kavgi.
Последна промена: 28 Ное 2012 00:24 Од Marge.
Следниве корисници изразија благодарност: Mama Ane, Frenky, vodolija, Mama Sani

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 00:50 #223407

  • vesnicka
  • Вози мотор
  • junior
  • Теми: 648
Јас и мм не сме запишани-регистрирани, но тоа не значи дека нашата заедница е темелена на помалку љубов. Баш напротив јас и он сме заедно, не затоа што така треба, туку затоа што секое утро тоа е нашиот избор. Причината која ја наведуваш паресенце дека ако дојде до развод имаш црно на бело, па не треба да докажуваш, јас веднаш ќе ти ја побијам. Значи ние имаме и недвижен и движен имот стекнат во таа заедница и ако веруваш дека буквално никогаш не ни паднало на памет да размислуваме во насока чиво би било ако не дај Боже се разделиме. Кога со низа докази од тој аспект на припадност на имотот му ја докажуваш својата доверба на партнерот, поголем доказ за доверба, за љубов не ми е потребен. Може сме ние пред времето во кое живеат повеќето луѓе овде, но не ми паѓа на памет да му придадам значење на тој лист хартија, затоа што едносатвно така правеле повеќето пред мене.

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 08:02 #223414

  • Cinnamon
  • Вози мотор
  • Администратор
  • was and still is Emilija
  • Теми: 2529
Ako zivees vonbracno, pod terminot sto se koristi vo prviot post, znaci deka si registriran da zivees na ista adresa so partnerot. Znaci del od smetkite na tvoe ime, zaednicki imoten list ako stanot e zaednicki kupen, za decata si ima izvod na rodeni i se znae koja e majka, koj e tatko...sto e tuka porazlicno od toa dali si potpisal vo maticno ili ne ako zivees vo ljubov, sloga i harmonija. Kako bi se obelezale tie deca? Pa tie mozebi i nikoas nema da doznaat deka mama i tato ne napravile svadba i nemalo opa-cupa so 300 gosti. Tie deca ne se so samohrana majka ili so samohran tatko ako se i dvajcata so niv i zaednicki se grizat za niv. A prezimeto...najmalku e bidno denes...
A bilokoja razdelba e teska, vo brak ili ne pak isto ti se faka.
Jana 04.04.2004 Petar 17.04.2007 Ivan 25.08.2009

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 10:22 #223451

  • Octavia
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 260
Имам познаничка која на свои 30 години дозна дека нејзините не се венчани . Така што, очигледно може и децата да не знаат, а не па околината. И најинтересно, одговорот на мајка и зошто не се венчале никогаш : „Што знам, така испадна“
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 10:42 #223456

  • Frenky
  • Вози мотор
  • Васе Султанa
  • Теми: 4099
vesnicka напиша:
Причината која ја наведуваш паресенце дека ако дојде до развод имаш црно на бело, па не треба да докажуваш, јас веднаш ќе ти ја побијам. Значи ние имаме и недвижен и движен имот стекнат во таа заедница и ако веруваш дека буквално никогаш не ни паднало на памет да размислуваме во насока чиво би било ако не дај Боже се разделиме. Кога со низа докази од тој аспект на припадност на имотот му ја докажуваш својата доверба на партнерот, поголем доказ за доверба, за љубов не ми е потребен.


ama ti pishuvash za vashata ljubov, doverba, sigurnost... a ako dojde do razvod se ova pagja vo voda, neli? inaku ne bi se razveduvala.

od pravna gledna tochka e zeznato, a predpostavuvam deka za ovie lugje e poteshko da zavrshat nekoja birokratska rabota po shalteri, banki...

i ako dojde do razdelba (a veruvam deka nikoj tuka na forumov nemoze da garantira 100% shto kje se sluchi po X god.)problem kje bide podelbata na zaednichkiot imot. se reshava i toa ama veruvam deka e pokomplicirano odkolku da si vo brak.

a i momentot so decata ne treba da se zaboravi. ako go zememe materijalnoto vo predvid dokolku dojde do nekakov si problem, decata kje bidat pozashtiteni dokolku se ima crno na belo.
zoshto ene edna budala komshiska, fati vrski po sudovi i proceniteli pa gi ostavi na ulica decata so zenata. a taa 20 god. rabotela i sozdavala zaednichki vo brakot, za sto?

a za ostanatoto se soglasuvam so postot na sanja. lugjeto i okolinata neka si ja gledaat svojata rabota .ako e nekoj siguren deka moze da se nosi so site rizici, negova odluka. ushte pomalku treba decata da se spomnuvaat vo celata rabota.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 10:50 #223457

  • meU87
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 410
И ние не сме регистрирани, па тоа буквално ништо не ни менува. Имаме работи кои сме ги купиле од кога сме заедно( мебел, кола), планираме и недвижнини да купуваме, и уште сега е договорено дека се би било на мое има, од Х причини. Ако дојде ред да се разделиме, џабе е се што би имале кога би немале слога и разбирање(затоа и не ми смета тоа што на чие име е).
Единствено што ми смета се документите за малата. Секогаш мора и двајцата да сме присутни за што и да треба да се извади, а тоа не е секогаш лесно и изводливо.
Здравје, планираме на пролет да се регистрираме, иако сеуште не сме се одлучиле конечно.
Причината поради која не се регистриравме првично беше потешката бременост, во која морав да лежам. А сега веќе ми е буквално сеедно, па дури и убаво ми е што е вака.

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 11:07 #223461

  • Thatcher
  • Вози мотор
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2650
Vonbracnata zaednica ima skoro ista tezina kako i bracnata. Kaj nas najverojatno e problem toa sto ne se pochituvaat zakonite. Ako si e se po zakon, ne bi ialo problem.
Pa postoi stanarsko pravo ... kako moze da ne se pochituva zaednica? Kakva i da e.

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 11:17 #223466

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Значи вака во моментов имам две другарки кои се во постапка на развод. Едната со венчан сопруг имаат две деца, другата со невенчан сопруг со едно дете. И таа венчата и невенчаната имаат проблем да наплатат алиментација, а камо ли да се докажува имовинската состојба.
Од практични и технички причини подобро е да си во венчана заедница, од аспект на живот тотално нема врска. Сакам да кажам се е ок и ако луѓето ако решиле да живеат невенчано меѓутоа проблемот секогаш настанува кога треба да се докажува одредена имовинска состојба во случај на недај боже смрт на едниот од сопружниците или пак разделување од X причини. И сите вие кои мислите нема врска на кого се води одреден имот и бла бла бла отворете четири очи. Другарка ми ми вика со кого си живеела ќе дознаеш кога ќе се разведеш. Нејзиниот адвокат инаку маж и рекол СИТЕ МАЖИ без исклучок исто се понашаат во случај на развод. Значи не сака да дава пари , не сака ништо од имот да и препушти на венчаната или невенчана сопруга и бла бла бла. Кога суетите ќе стапат на сила разумот губи значение.
Последна промена: 28 Ное 2012 11:19 Од macika.
Следниве корисници изразија благодарност: Cinnamon, Frenky, Octavia, Elka, Cize, Марфи

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 11:17 #223467

  • Cinnamon
  • Вози мотор
  • Администратор
  • was and still is Emilija
  • Теми: 2529
meU87 напиша:
Единствено што ми смета се документите за малата. Секогаш мора и двајцата да сме присутни за што и да треба да се извади, а тоа не е секогаш лесно и изводливо.


Pa i vo brak treba i 2-cata roditeli da se prisutni za dokumenti ili so nova vencanica ili so polnomosno. Vo vasiov slucaj so polnomosno bi se izvelo...

Germanka mi go objasnuvase vakviot sistem kako funkcionira besprekorno vo Germanija. Zakon si e zakon. So toj zakon se najzastiteni decata.
Jana 04.04.2004 Petar 17.04.2007 Ivan 25.08.2009

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 11:27 #223476

  • Frenky
  • Вози мотор
  • Васе Султанa
  • Теми: 4099
vo dobro razvienite zemji samohranite majki uzivaat vo mnogu povolnosti shto im gi nudi drzavata pa se sluchuva ona kako so primerot na ane, ili kako so moja prijatelka vo london. povekje i se isplati da se vodi kako eden roditel otkolku vo brachna zaednica. shto i da se sluchi znaesh deka drzavata stoi pozadi tebe, pa dali imalo potpis ili ne, golema rabota.

pripadnicite na LGBT zdruzenieto tokmu za ova protestiraat. iako ne e za temava ama pak se vrti okolu potpisot. ne daj boze eden gine vo nekakva nesrekja a se e na negovo ime koe ne e steknato vo brak. se pojavuvaat roditelite ili brakja/sestri i vikaat ova e nashe. dusha kje ti izleze dodeka dokazesh shto i kako.

situacija vo bolnica, gi pushtaat samo chlenovite na potesnoto semejstvo. drugar, partnet, dechko, devojka si dremat pred vrata.
ima mnogu primeri od sekojdnevniot zivot koi ukazuvaat na toa deka, ne za dzabe e izmislen potpisot.

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 11:51 #223485

  • Cize
  • Вози мотор
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
Едно е самохран родител, а сосема друго вонбрачна заедница. Во вонбрачната заедница партнерите живеат заедно, делат, се грижат заедно за детето. Во тој случај да се регистрираш како самохран родител мислам дека нема ни да можеш, освен ако ти е детето од друга партнер претпоставувам. Верувам дека ако се пријавиш како самохран родител, не можеш да ги користиш бенефитите на вонбрачната заедница (тука и на данокот што се плаќа многу се одразува), и обратно.
Немам ништо против, ниту дискриминирам парови што одлучиле така да живеат, а најмалку децата.
За мене бракот не е непотребна институција, убаво ми е чувството, не ми беше никакво бреме да одам да се регситрирам или свадба да правам, а од друга страна па и не гледам на тоа дека ми е нешто посигурна заедницата ако го немав тоа парче хартија. Уствари, оригиналот и го немам
Ама олеснува многу при бирократијата, со детето, а не ми ствара никаков додатен проблем. Кога основам заедница со некој најмалку што треба да ме води е што ќе биде поедноставно ако се разделиме. Ама оптимизам би било тоа
Следниве корисници изразија благодарност: Adelle

Ре: Вонбрачна заедница 28 Ное 2012 12:47 #223495

  • vesnicka
  • Вози мотор
  • junior
  • Теми: 648
Mama Vase напиша:
ama ti pishuvash za vashata ljubov, doverba, sigurnost... a ako dojde do razvod se ova pagja vo voda, neli? inaku ne bi se razveduvala.

Да пишувам за нашата љубов и го изнесов нашето искуство и став. Ако не дај Боже дојде до развод никогаш нема ни во сон да помислам дека немало огромна љубов и огромна доверба.

macika напиша:
И сите вие кои мислите нема врска на кого се води одреден имот и бла бла бла отворете четири очи. Другарка ми ми вика со кого си живеела ќе дознаеш кога ќе се разведеш.

Во нашиот случај целиот движен и недвижен имот, освен неговиот автомобил, се води на мое име. Ете едноставно, по долги натегања јас прифатив да биде така. Затоа и реков тоа ми е навистина многу значаен личен показател за довербата, затоа што ние на пример станот сме го купиле кога, нели нормално, сме имале различна адреса на живеење. Па тек потоа сме почнале да живееме заедно. Така што ете за тоа под ниеден закон не се водиме ни во брачна ни во вонбрачна заедница, но мене и покрај тоа не ми паѓа на памет да помислам дека јас имам повеќе право на него или дека мене повеќе ми припаѓа.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
Модератори: Molly
Страницата беше креирана за: 0.68 секунди
Банер
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.