Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

ТЕМА: Сипаници

Ре: Сипаници 16 Ное 2010 07:49 #72895

  • kalinche70
  • Вози мотор
  • junior
  • Теми: 581
Или е сипаница (големи шанси) или некоја вирозна реакција секако не е ништо страшно
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
Следниве корисници изразија благодарност: Zlatna

Ре: Сипаници 16 Ное 2010 07:51 #72898

  • Mama Ane
  • Вози мотор
  • Супер модератор
  • Теми: 4959
Lele Dzena samo bez paniki i sipanica da e, vo site gradinki ja ima. Sledi go i utre kaj maticnata ke si gi potvrdis somnezite..
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
Следниве корисници изразија благодарност: Zlatna

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 02:33 #73296

  • Annabel Lee
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
Во градинките врие од овчи сипаници...

Овчи сипаници во градинките


Епидемиолозите на нозе,се проверува на терен зошто овчата сипаница рапидно се шири во детските градинки .

- Од минатиот месец бројката е четири пати поголема , имаме 220 деца регистрирани заболени- вели д-р. Лилјана Лазаревска ,началничка на одделот за епидемиологија во Центарот за јавно здравје,Скопје.

Болеста не се распознава навреме,родителите ги носат децата болни во градинките ,овчата сипаница се шири од дете на дете.

-Болеста се пренесува по капковен пат,најчесто преку бакнежот кај децата - вели Лазаревска.

Светот ги имунизира децата од варичела, но Македонија нема пари за оваа вакцина .

-Ја има во другите земји.Ние пробавме да ја набавиме но сеуште не е увезена во Македонија- вели Лазаревска.

И во отсуство на вакцина и во ек на заразни заболувања, градинките се преполни со деца ,не се запазуваат критериумите колку деца треба да има во една група и на колкаво растојание да бидат поставени креветчињата за спиење .

-Препораката е да се изолираат веднаш заразените деца,да не се мешаат групите,најбитно е да се запази режимот на спиење кај децата во однос на растојанието на креветчињата-објаснува д-р. Лазаревска.

Како државата ги заштитува децата од епидемии,се ризикува ли здравјето на најмалите,епидемиолозите проверуваат и советуваат.Градоначалниците одговорни за работата во градинките забораваат на европските стандарди ги преполнуваат предучилишните установи.
Мирјана Поповска.

www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&am...13&eventId=67280
Следниве корисници изразија благодарност: bibic

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 02:40 #73297

  • Majsi
  • Вози мотор
  • Администратор
  • Теми: 5118
Annabel напиша:

Болеста не се распознава навреме,родителите ги носат децата болни во градинките ,овчата сипаница се шири од дете на дете.

И во отсуство на вакцина и во ек на заразни заболувања, градинките се преполни со деца ,не се запазуваат критериумите колку деца треба да има во една група и на колкаво растојание да бидат поставени креветчињата за спиење .

-Препораката е да се изолираат веднаш заразените деца,да не се мешаат групите,најбитно е да се запази режимот на спиење кај децата во однос на растојанието на креветчињата-објаснува д-р. Лазаревска.


Ako bolesta ne se raspoznava navreme kako togas roditelite da gi izoliraat navreme zarazenite deca i da ne gi nosat vo gradinka
Rastojanie na krevetcinjata............pa decata spijat kade sto i igraat, se vo ista prostorija a oni zborat za rastojanie na krevetcinjata
trtlata na mamika

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 02:47 #73299

  • bubamara
  • Вози мотор
  • Moдератор
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
Да бе, и јас сега гледав на вести, и баш ми упадна тоа во очи, дека децата оделе болни во градинките. Кој нормален ќе го остави своето дете со сипаница да оди во градинка, а со оглед на тоа дека сипаницата има инкувација од 14-21 ден, значи никој не може предвремено да го повлече. Најзаразна е два-три дена пред избивањето и нели и понатаму ама одкако има видлив симптоми, а што со овие два три дена пред избивање, кога никој не знае.

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 02:53 #73302

  • Annabel Lee
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
Точно Мајси, и не е само спиењето, па тие си играат заедно, седат заедно кога јадат.

А еве што најдов за Овчи сипаци:

Што се овчи сипаници (варичела)?

• Овчите сипаници се вирусна инфекција која ја предизвикува херпес-
зостер вирусот (исто така познат како варичела-зостер вирус)
• Кај децата таа обично предизвикува релативно лесна болест.
• Овчите сипаници може да бидат сериозна болест кај возрасните лица и
лицата со потиснат имунитет.
• Заразувањето во текот на бременоста може да предизвика деформации
на фетусот, лузни на кожата и други проблеми кај бебето.
• Пред воведувањето на рутинското вакцинирање во 2006, овчите
сипаници беа многу честа болест. Се верува дека стапката на
појавување на овчите сипаници се намалува со вакцинирање на
повеќе луѓе.

Кои се симптомите?

• Болеста започнува ненадејно со малку покачена температура, течење
на носот, општо чувство на слабост и осип на кожата.
• Осипот обично започнува со мали пликчиња кои се развиваат во
меурчиња и после тоа се формираат красти.
• Осипот се јавува во период од три до четири дена. Во било кој даден
момент, раните се наоѓаат во различна фаза на развој.
• Симптомите обично се јавуваат две недели откако лицето било
изложено на вирусот.
• Повеќето луѓе оздравуваат без никакви компликации, меѓутоа
понекогаш инфекцијата може да води кон сериозни компликации, на
пример, пнемвонија и воспаление на мозокот. Ретко, болеста може да
биде смртоносна.

Како се пренесува болеста?
• Во почетната фаза на болеста, вирусот се пренесува со кашлање.
• Во подоцнежна фаза на болеста, вирусот се пренесува преку директен
контакт со течноста во меурчињата.
• Инфекцијата е многу заразна за лицата кои не прележале овчи
сипаници или кои не се вакцинирани.
• Луѓето се заразни од еден до два дена пред да се појави осипот (тоа е
во фазата кога им тече носот) и до пет дена откако ќе се развие осипот
(кога меурчињата формираат красти).
• Инфекцијата го активира имунитетот и луѓето ретко повторно
заболуваат од овчи сипаници.

Кој е изложен на опасност?
• Секое лице кое не прележало овчи сипаници или не е претходно
вакцинирано може да добие овчи сипаници.
• Лицата кои претходно прележале овчи сипаници веројатно се отпорни
на вирусот. Постои дури и можност за возрасните кои не ја прележале
болеста да бидат отпорни (заради претходна инфекција која била
слаба). Докторите понекогаш им ја проверуваат крвта на овие лица за
да видат дали е потребно тие да се вакцинираат.
Како се спречува болеста?
• Се препорачува бесплатно вакцинирање на сите деца на возраст од 18
месеци и на децата во првата година од средно училиште кои не
примиле вакцина против овчи сипаници и кои не ја прележале болеста.
• Вакцинирање исто така се препорачува за лица над 14-годишна
возраст кои не се отпорни на болеста. Оваа вакцина се дава во 2 дози,
на временско растојание од 1 до 2 месеци. Таа посебно им се
препорачува на лицата кои се изложени на голем ризик од болеста, на
пример, здравствени работници, лица кои живеат или работат со мали
деца, жени кои планираат да забременат и лица со потиснат имунитет
кои живеат во исто домаќинство и се во контакт со заразеното лице.
• Лицата кои имаат овчи сипаници треба да избегнуваат контакти со
други лица (и да не одат во градинка/дневен престој или на училиште)
барем пет дена откако се појавил осипот и откако сите меурчиња се
исушиле.
• Лицата кои имаат овчи сипаници треба да го покриваат носот и устата
при кашлање или кивање, да ги отстрануваат марамчињата кои ги
користеле, внимателно да ги мијат рацете и да не употребуваат ист
прибор за јадење, храна или шолји со други лица.
• Бремените жени треба да избегнуваат да бидат во контакт со лице кое
има овчи сипаници или херпес зостер и треба да одат на доктор ако
биле во близина на лице со една од овие болести.
• Децата со потиснат имунитет (на пример, ако боледуваат од леукемија)
или кои примаат хемотерапија треба да избегнуваат лица со овчи
сипаници или херпес зостер затоа што инфекцијата може да биде
посебно сериозна.

Како се поставува дијагноза?

Во повеќето случаи дијагнозата се поставува врз основа на симптомите и
појавата на осипот. Понекогаш дијагнозата се потврдува со проверка на
примероци кои се земаат од осипот или од крвта.

www.mhcs.health.nsw.gov.au/publication_p...370/DOH-8370-MAC.pdf

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 02:56 #73304

  • Annabel Lee
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
Значи, како што успеав да сфатам, сипаниците се заразни еден до два дена пред да се развие осипот, т.е. тоа е фаза кога почнува да им тече носот. Па не може секое течење на нос да го сметаме за симптом на појавата на сипаници Родителите најчесто, ако не и секогаш, сфаќаат дека се работи за сипаници откако ќе се појави осипот.

Ова го кажувам во продолжение на муабетот на Мајси, како навреме да се изолираат децата кога сипаницата е заразна кога сеуште нема видливи симптоми....
Последна промена: 17 Ное 2010 02:58 Од Annabel Lee.

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 02:58 #73307

  • Bube
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 94
Глупости. Уште против варичела вакцина ни треба. Ние ни МРП не примивме. Варичелава си ја прележуваме и ќе си имаме гарантирано траен имунитет, што не може да ми гарантира вакцина.

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 03:05 #73312

  • Majsi
  • Вози мотор
  • Администратор
  • Теми: 5118
Annabel напиша:

• Инфекцијата го активира имунитетот и луѓето ретко повторно
заболуваат од овчи сипаници.


Po ova pisanovo nemoze da ima garanica nitu ednas prelezani sipanici. Retko, no sepak postoi sansa. Ako ne se lazam mislam i tuka na forumov imase nekoj so dva pati prelezani sipanici
trtlata na mamika
Последна промена: 17 Ное 2010 03:06 Од Majsi.

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 04:01 #73338

  • Bube
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 94
Два пати варичела?

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 04:16 #73340

  • Frenky
  • Вози мотор
  • Васе Султанa
  • Теми: 4099
ajdeeeee,go nema sega sg pa udri po sipanicite. uste komsijata ljut,mi vika eb... drzavata,kako moze da nema vakcini za decava.cela familija prelezea kako i site drugi.osip,blaga temperatura.go prasuvam imavte li nekoj poteskotii,vika edna mala luznicka na gazeto.
abe kaj zivet lugjevo,citaat li,prasuvaat....za edna mala luznicka vakcina kje staval.
lele nemozam da pisuvam zimi se,vrijam od nervoza.uste koga gledav na tv

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 04:46 #73346

  • Mama Sani
  • Вози мотор
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
Vakcinata protv varicela e edna od najspornite vakcini, uste pokontoverzna od MRP, mislam deka samo USA ja imaat vovedeno vo redovnata programa no ne e vovedena vo evropskite zapadni zemji tokmu poradi faktot deka ne e bezbedna.

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 07:43 #73375

  • Zlatna
  • Вози мотор
  • senior
  • Busy but happy :)
  • Теми: 1107
Е ај да се „пофалам“.После мојата вчерашна паничност денес и дијагностицирано од матичната...имаме сипаници.Како се појави одеднаш осипот нема шанси претходно да се посомневаш дека се сипаници(се надоврзувам на погоре напишаното).Ниту нос му течеше, ниту кашлаше и кога вчера ОП црвена точка....Денес му е зголемен осипот (ама не нешто претерано) купивме течна пудра и ќе си седиме дома 2 недели.
[url=http://www.ticker.7910.org/eng]Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.
Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 08:28 #73392

  • Majsi
  • Вози мотор
  • Администратор
  • Теми: 5118
Dzena, ajde so lesno da gi pominete

Inaku vecerva ni se javi ucitelkata na trtlata od gradinka da ne cue kako sme i koga ke pocneme da odime (deka se odmaravme 2-3 nedeli) i jas ja prasuvam kako e vo gradinka, kako so sipanicite. I ona mi vika nie se uste nemame ni edno dete so sipanici, ama bas nisto ne se slucuva kaj nas. Inaku imale malku decinja no od virozi, nastinki, bakterii ama sipanici uste nikoj ne im prijavil.
trtlata na mamika
Следниве корисници изразија благодарност: Zlatna

Ре: Сипаници 17 Ное 2010 09:12 #73401

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Prv pat slusam deka moze 2 pati da prelezuvas isti sipanici. Mislam deka e traen imunitet ednas koga ke gi fatis.
Site sto imaat sipanici so lesno da gi pominat. Mene lani mi bese godina na sipanici. Prvo imase sin mi pa posle i jas.
Модератори: bubamara, Zoja
Страницата беше креирана за: 1.01 секунди
Банер
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.