Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

Однос наставник-ученик ?
(1 посетител/и) (1) Гостин
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Однос наставник-ученик ?

Однос наставник-ученик ? 27 Окт 2010 18:45 #65339

  • Mladenovska
  • Вози мотор
  • Баниран
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
Темата ја отварам за да ми пишувате каков е односот на вашето дете со неговите професори или наставник?
Во секое напредно, цивилизирано и демократско општество ликот на наставникот/професорот треба да е број еден за ученикот.

Секое дете треба брзо, ефикасно, стручно и високо професионално да се "освои", да се придобие самото дете, да се стекне меѓусебна доверба и да се градат високо демократски односи. Тоа значи примена на најсовремени методи и техники во наставата. Кој не сака деца неможе тоа да го постигне. Детето е неискварена жива материја и ако се сака може сé да се постигне, но исклучиво само со еден природен, спонтан, ненасилен и демократски однос, со многу набљудување, учество во сите можни ситуации, разговори, следење, обука на тактичен и суптилен начин кој ученикот нема да го осети.
Но зошто кај нас односот професор – ученик од позиција на посилен е таков каков што е??? – Ова е типично за застарени теркови на уредување на општества, догми, религии, црква, комунизмот како оставштина…едноумието сеуште владее.

Ученикот неможе да дојде до израз, ниту пак неговата личност. Автократските типови на луѓе кои се во образовниот процес нека си одат ДОМА. Наредби, команди, порачки, извршувања, подмитувања за оценки на секаков можен начин, слепа послушност без приговори…Западот одамна ги "заборавил" овие методи. Тие суптилно, тактички и многу дипломатски ги добиваат учениците, а кое е безболно и за ученикот и за професорот и за родителот.
Но кај нас сликата е оваа – Имаме стари закоравени, неписмени и необразовани во настава, без желба за дообразување и постојано напредување. Значи неедуциран или незаинтересиран наставник – неквалитетна настава. Неквалитетна настава – немање реазултати во воспитно образовниот процес. Посебно ги истакнувам нарушените односи ученик – наставник – родител – стручни соработници (внатрешни и надворешни). Ова се неколку фактори зошто навистина нивото на образование на учениците е ниско.

Лично ме интересира и вашето мислење.


ПРЕЗЕМЕНО ОД ОВДЕ

Блог Insomnia
Последна промена: 15 Ное 2010 04:50 Од Big Sister. Причина: СЕКОГАШ ДА СЕ ВНЕСУВА ИЗВОР НА ПРЕЗЕМЕН ТЕКСТ

Ре: Однос наставник-ученик ? 27 Окт 2010 19:04 #65362

  • PiPoLiNo
  • Вози мотор
  • junior
  • Теми: 553
mladenovska , spored mene mislam deka obrazovanieto ni e kade kade ponapred od vremeto na komunizmot koga postoel toj strav od ucitel sto spored mene e dosta podobro da se ima toj strav , strav vo oblik na stravopocit koi denesnive deca vo nikoj slucaj go nemaat tuku ja gledaat ucitelkata kako "pogolema drugarka"
a za nadgraduvanjeto na nastavnicite isto za razlika od komunizmot e daleku podobro , pa sega nastavnicite odat na sekakvi raznorazni seminari kade i se usovrsuvaat kolku tolku

toa e mojata slika sega za sega , sepak filip e prvo oddelenie ima vreme da gi vidam i negativnite raboti od obrazovniot sistem ,skraja da e nikogas da ne gi vidam ama vremeto ke pokaze


za odnosot nastavnik - dete - roditel sepak smetam deka roditelot e toj koj najmnogu pridonesuva za ovaa vrska da bide kvalitetna a so toa da se dobie i kvalitetno obrazovano dete

Ре: Однос наставник-ученик ? 27 Окт 2010 19:35 #65398

  • Dolphin
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2499
se soglasuvam so Pipolino , deka denesnive deca nemaat ni P od pocit kon odredeni nastavnici
imame primer vo uciliste kade na sred cas si setaat i pravat sve i svasta a nastavnickata toa nemoze da go iskontrolira
spored toa malce stravopocit da treniraat nastavnicite ne e na odmet, da si imaat zastiten nekoj mehanizam
a nie kako roditeli od doma sigurno ne im velime da ne gi pocituvaat nastavnicite (barem jas toa ne go pravam)

Ре: Однос наставник-ученик ? 27 Окт 2010 19:50 #65418

  • EckaGj
  • Вози мотор
  • Баниран
  • ❤Се што се сака,се може!!!❤
  • Теми: 989
Јас немам дете,но имам што да кажам.
Односот на наставник-ученик е индивидуален.
Правата социјализација на детето е преку родителите,а втората во школо е на наставниците.Има и добар однос и прилично лош.
Зошто?
Наставниците треба да го пренесат знаењето на учениците,да работат со нив,да им посветуват внимание на секој ученик одделно,секако колку е тоа возможно,така ги ,,тераат,, да учат,пишуват редовно домашни,соодветно да се однесуваат со почит.Наставните програми од порано се многу понапредни,па така и методите.Повозрасните наставници имаат методи кои во денешно време не сите се применливи,секако со исклучоци.Но новите млади кадри вложуваат нови начини како да им се приближат на ушениците,дали со некоја шега за фб,музика,спорт.Да се наметне одреден страв кон наставниците денес е тешко возможно.
Но не им е лесно на наставниците со оглед какви се ученици имаат.Тотално не почитување на настаник,погрдни зборови,претење од нивна страна,закани ако не им се поправат оцени,зборат на моб. на час...и што уште не.
Да се надополнам на delfin76 ,има родители кои и не разговараат со своите деца па како ќе им посочат дека несмеат лошо да се однесуваат и треба да ги почитуваат наставниците.
Затоа јас овој однос би го нарекла ученик-наставник-родител

Ре: Однос наставник-ученик ? 27 Окт 2010 20:08 #65450

  • Dolphin
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2499
има родители кои и не разговараат со своите деца па како ќе им посочат дека несмеат лошо да се однесуваат и треба да ги почитуваат наставниците.

e ima , od kojznae koja pricina nemaat vreme za svoite deca
pa posle zaradi takvite deca ke se remeti mirot i na drugite

Ре: Однос наставник-ученик ? 27 Окт 2010 20:16 #65462

  • busavo
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 267
јас неможам да зборувам за ќерка ми таа се уште е мала ама јас лично никогаш не сум имала страв или стравопочитување кон наставници, професори и слично. Значи јас убаво се сеќавам кога тргнавме во прво одделение, а и после тоа имавме две учителки кои никогаш никој од нас не го удриле било со рака било со стапче. па мирни бевме на часови и кога се работеше се работеше кога се дружевме се дружевме. е после тоа во средно се случуваше да дојде до бркање на ученик од час, неоправдан заради недолично однесување, викање од страна на професорот ама тоа се знаело дека биле 1-2 кои ние не ги сметавме за херои или пак јаки фаци туку баш напротив за непримерни и многу многу не ги дружевме. Денес ова што го гледам тоа е чудесија.Прво урлаат во училниците, никој не ја слуша професорката, главна атракција е ако некој беља направи со креди ја маваат, сунѓери кријата, дневници снемува нема ве молам може ли да излезам или извинете што задоцнив нема да се повтори, тоа кој кога сака влегува кога сака излегува.И најстрашно е што тие деца не се санкционирани, незнам зошто и како меѓутоа тие се најголеми фраери во маало.Со мори или бе им се обраќаат на професорите им се закануваат кај отидоа работиве.

Ре: Однос наставник-ученик ? 27 Окт 2010 21:25 #65526

  • Annabel Lee
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
Не дека ми е мајка, ама морам да си ја пофалам. Сега е во пензија, но беше учителка од 1-во до 4-то оделение. Сите деца ги почитуваше подеднакво, без да ги навредува послабите. Се трудеше да им обрни внимание на сите подеднакво, да ги пофали за новата фризура, за добриот цртеж или состав. Од секој час оставаше 5-10 минути за општи разговори, за гушкање, бацување. И ден денес кога ќе ја сретнат на улица, а и кога беа мали, од далеку трчаа да ја гушкаат. Никогаш не пропуштиле да ја поканат на полу-матура, а некои ја викаа и на ,матура. Нема да згрешам ако кажам дека 90% од нејзините учници завршија факултет. Дури и во локалниот весник пишуваше за нејзиниот однос со учениците. Значи, мајка ми беше учителка во комунизмот, ама со понапредни сфаќања.

Се запознаваше убаво со нивните родители и релативно добро ја познаваше и нивната состојба дома. Имаше деца на разведени родители, кои поминувале низ тешки кризи. И тоа секогаш отворено им го кажувала на родителите. Дури успеала да смири едни родители кои ден денес и се благодарни.

Секое дете е посебна индивидуа и учителот треба да има посебен пристап кон секое дете.

Децата не се во училиште за да се истура бесот врз нив или механички да им се предаде лекцијата и учителката да си оди дома. Децата прво треба да ја сакаат, за да можат да го прифатат нејзиното учење.
Следниве корисници изразија благодарност: redsonja, EckaGj, Mladenovska

Ре: Однос наставник-ученик ? 14 Ное 2010 09:12 #72230

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Annabel takvi ucitelki kako tvojata majka se navistina retki. I blaze si im na tie ucenici sto ke se padnat kaj takva ucitelka. Nas ni se padna postara ucitelka. I na pocetokot bevme zadovolni. Sega se decata 3 odd. Ama ucitelkata stana svekrva doma i dojde snaska pa bebe , pa e stalno nervozna im se dere na decata. Svoite frustracii gi prenesuva na rabota.
I se zavisi od karakterot na licnosta. Ne e sekoj da bide nastavnik ili profesor. Treba stvarno da se sakaat decata i profesijata za da moze uspesno da se obavuva.

Ре: Однос наставник-ученик ? 14 Ное 2010 09:17 #72235

  • Annabel Lee
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
Eee, a мојата наставничка немаше однос никаков со нас. Само не вреѓаше и ич не ја сакавме. Една пофалба од неа не сме чуле. А знаеше и добро да не исплеска. За 8-ми март со сила сум и давала поклон...Намерно бев немирна за да ме избрка од час зашто не можев да ја слушам. Ај што не ја сакавме ние, туку и колегите не ја сакаа, па не одеше во канцеларија, туку на одмор дремеше со нас.

Е да, уште нешто што слушнавме за неа беше дека дома си го тепала и мажот и, кутриот се жалел на комшиите и викал полиција. Ете каква наставничка сум имала, па од нејзе очекувам некаков однос да имала со нас - учениците.

Ре: Однос наставник-ученик ? 15 Ное 2010 04:03 #72384

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7252
EckaGj напиша:

Затоа јас овој однос би го нарекла ученик-наставник-родител

Toкму така
Основното на кое се учат децата, за почит кон учителите (а и кон другите лица) се родителите.
Ние засега сме во градинка, каде имаме воспитувачка и негователка. Досега се случило да имам замерки за нив, кои никогаш не сум им ги кажала во негово присуство, од едноставна причина - не сакам да го поткопувам нивниот авторитет пред него.
Никола знае дека мора да слуша во градинка и да ги почитува, а ако види како јас се однесувам со нив - т.е не ги фермам и за мене е неговиот збор поважен од се, ќе почне да го злоупотребува. И не само во однос на нив, туку и кон нас.

А од друга страна, начинот на кој го воспитувам, ми дава за право да му верувам кога ќе ми каже дека има проблем со одреден проблематичен професор (кои верувам дека денес се помалубројни, за разлика од порано).

Имам пријателка која е наставничка во целодневна и која ми има кажувано како непримерно се однесуваат децата кои знаат и да возвратат - Што ми можеш, ќе видиш кога ќе ти дојде татко ми!

Јас вака не сакам да го воспитувам моето дете.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола
Последна промена: 15 Ное 2010 04:04 Од Big Sister.
Следниве корисници изразија благодарност: ZZ, Mama Ane, Dolphin

Ре: Однос наставник-ученик ? 15 Ное 2010 05:43 #72419

  • ZZ
  • Вози мотор
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
Ане

Дотакла си скоро све сфере одакле потичу проблеми на релацији ученик-наставник..али постоји и друга страна..нису сви наставници дорасли тој улози и искључиво својом грешком немају поштовање од стране деце и од стране колега..има наставника који не воле свој посао, који не воле децу, који су мрзовољни и који нису никакви педагози, који не знају или чак и неће да деци пренесу знање и тд..и ма колико дете у кући било васпитано да поштује наставника, оно то неће моћи да уради јер је свесно да то наставник не заслужује..

Ових дана сам радила систематске прегледе и ево једног примера..у питању су ученици осмог разреда основне школе..у десет ми је био заказан један разред који је дошао са разредом старешином и такав хаос су направили да смо једва урадили систематски преглед..после сат времена дошао је други разред са њиховом разредном старешином, нису се чули у чекаоници, као да није било никога..просто ми је невероватно да је један разред супер, а други проблематичан, пре ће бити да је проблем био у наставници..
Dorotea 2006.
Lazar 1996.

Ре: Однос наставник-ученик ? 19 Ное 2010 19:01 #74432

  • Snoopy
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 293
Дали знаете дека турските закони просветните работници со над 15 години континуиран работен стаж не ги прифаќаат како релевантни сведоци на суд?
Кај нас владее мислење дека просветен работник е во принцип неработник со скратено работно време со одмор во траење од 4 месеци годишно и сл. Имаше пред 4 години една убава кампања низ Скопје на билбордите стоеше
„Ако ова можеш да го прочиташ заблагодари му на својот наставник“.
40 години работен стаж во Македонија значи мин. 10 генерации (во циклус од 4 години 1-4, 5-8 или прва до 4та средно). Ако во просек македонска паралелка има 30 деца, а еден пр.работник за да има полн фонд работи во мин 7 одделенија математиката е едноставна 2500 до 3000 од нас се плод на некој наставник.
Има многу за и против но ние сме се чини склони да ги гледаме само негативните работи па така полесно е да се удри по самарот него по коњот. Тешко се признава дека за науспехот на нашето дете сме виновни ние родителите во прв ред, па како главни виновници ги ставаме наставниците, професорите, учителката па најново е и веспитувачката во градинка. А ако не одело детенцето во градинка бабата ама само ако е другата не нашата мајка нели
Односот наставнк - дете не е еднонасочен. Не гради само наставникот гради (повеке растура) и детето. Да тоа со неговата возраст наставникот со својата. Позади наставникот стои неговото (не)искуство, секојдневните ситуации, неговиот личен живот итн итн зад детето стојат неговите родители и се друго. И едните и другите се од крв и месо и нормално е да има и добри и лоши работи.
Друг момент кај нас е што ние меѓаме поими. Страв, авторитет, почитување, домашна култура се тоа е една папазјанија во нашиов вредносен систем. Ако наставникот има авторитет е лош и влева страв, ако е послободен тогаш не заслужува почитување, ако бара премногу му се возвраќа со домашната некултура, ако не бара ништо е партиски кадар, недозавршен, слаб без образование и сл.
На крај мислам дека најадекватна е една библиска изрека
„Пред да фрлите камен прашајте се дали некогаш во животот сте направиле и вие грев. Ако не сте фрлајте....„


п.с
Дете сум на 2 просветни работници сега пензионери со 7 скршени шофершајбни на 2те наши возила едно чудо гребаници по колите но и многу благодарност и почитување насекаде и по 30 години од излегувањето од клупите на некои ученици.
Иван А.
с.р
Следниве корисници изразија благодарност: Elka

Ре: Однос наставник-ученик ? 19 Ное 2010 19:34 #74458

  • Ane82
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 22
Vo kontekst na spomenatiot odnos ucenik-ucitel-roditel (namerno go staviv ucitelot vo sredinata) mislam deka dovolno govori slikava...

Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.

Se smenija vreminjata...se smeni i odnosot na ucenikot kon ucitelot ama najgolema uloga vo seto toa igraat roditelite..i domasnoto vospituvanje..no sekako i okolinata. Vo edno oddelenie so 30 deca od koi 25 se krajno razmazeni i nekulturni pred se, ne mozeme da ocekuvame deka dobro vaspitanoto dete ke dojde do izraz. So tek na vremeto mozebi i ke se stopi vo masata.
Ucitelot za zal vo denesno vreme e nemocen pred "golemite glavi" (direktori, f-cioneri..i tn) . Zalosno!
Последна промена: 19 Ное 2010 19:35 Од Ane82.

Ре: Однос наставник-ученик ? 19 Ное 2010 19:42 #74463

  • Snoopy
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 293
Ane82 напиша:
....
Ucitelot za zal vo denesno vreme e nemocen pred "golemite glavi" (direktori, f-cioneri..i tn) . Zalosno!
Не заборавај ги најголемите глави: транзициските Мама и Тато
Иван А.
с.р

Ре: Однос наставник-ученик ? 08 Мар 2011 23:21 #120586

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7252
Ane82 напиша:

Se smenija vreminjata...se smeni i odnosot na ucenikot kon ucitelot ama najgolema uloga vo seto toa igraat roditelite..i domasnoto vospituvanje..no sekako i okolinata. Vo edno oddelenie so 30 deca od koi 25 se krajno razmazeni i nekulturni pred se, ne mozeme da ocekuvame deka dobro vaspitanoto dete ke dojde do izraz. So tek na vremeto mozebi i ke se stopi vo masata.
Ucitelot za zal vo denesno vreme e nemocen pred "golemite glavi" (direktori, f-cioneri..i tn) . Zalosno!


Tokmu toa sto go kazav - ako od doma gleda i slusa deka ucitelkata ke si go dobie od roditelot, samo ako se obide da go vospituva na disciplina i red, togas deteto bez griza na sovest ke se sili i dokazuva pred nastavnickata , zasto znae deka ima nekoj koj mu go stiti grbot.

Vprocem odlicna ilustracija e slikata.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола
  • Страна:
  • 1
  • 2
Модератори: bubamara, Zoja
Страницата беше креирана за: 0.99 секунди
Банер
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.