Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

Природни средства за чистење на домот
(1 посетител/и) (1) Гостин

ТЕМА: Природни средства за чистење на домот

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 05 Авг 2011 23:38 #147224

  • Frogy
  • Вози мотор
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1581
Преубава тема васидора Колку само ке ми се најдат овие совети,после денешното чистење на купатилото со доместос (како и секогаш без ракавици чистам) дишењето ми е тешко а рацете катастрофа Во устата имам вкус како да сум пиела доместос,секое чистење истото Се ке пробам од горенаведеното,сега ке ги прочитам поубаво,ако треба и ке си запишам,и утре да набавам па ке кажам за резултати

п.с.Дај ми совет како да го исчистам ел.шпорет околу ринглите има точки црни(нешто загорено) со се и сешто пробав никако не се вади,а е сјаен-металик,никогаш неможам да го исчистам баш јас како што сакам-како ново,давајте совет.исто и за ринглите,има ли посебно средство за нив чистење?
Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 06 Авг 2011 07:30 #147231

  • Vasidora
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1173
Frogy, не ти треба посебно средство, траст ми.

Исцеди пола лимон, додади сода бикарб. да се направи паста, нанеси на шпоретот и ринглите, истругај нежно, остави 5 мин, протрлај пак и убаво исплакни. На чиста крпа стави оцет (претпоставувам иноксна е површината кога велиш металик) и пак истругај, па помини со крпче со чиста вода и избриши со суво. Сигурно ке светне.
Следниве корисници изразија благодарност: Elijana, sole

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 06 Авг 2011 07:40 #147233

  • mamatobe
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1429
Vasidorce, gledam tuka si
Kazi mi dolnava kombinacija dali moze da se primenuva na slavini ili nesto drugo preporacuvas za toa??


Ви треба шише со прскалка, во него ставате една мала шоља вода, една шоља оцет, малку сјај или течен сапун и по 10 капки масло од еукалиптус и чајно дрво. Супер ја чисти надворешноста од санитариите па и било која површина дома, како кваки, прекидачи и сл кои често лепат бактерии.
Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.

Every passing minute is another chance to turn it all around.

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 06 Авг 2011 08:53 #147241

  • macika
  • Вози мотор
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2889
Јас по рецептото на Васидора синојка употребив хидроген 3% и муфлата ја исчистив од кај кадата.

Ти благодарам Васидора многу се добри советиве.
Следниве корисници изразија благодарност: Vasidora

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 06 Авг 2011 09:10 #147244

  • Vasidora
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1173
mamatobe, сега дури се уклуцувам.

Баш сакав да пишам за славините. Ги одвртувам плус и главата од тушот и ги потопувам само во чист оцет со малку вода во некое кофиче и оставам да отстојат неколку саата. Резултатот ке го видиш, ке лебди во течноста После само исплакни и наврти. Можеш да употребиш и топол оцет, зависи од расположение.

Друго што ми текна сега, за перничињата во дневна и лежалките за на плажа кои нели се перат на 30/40 а се дувло на нечистотии, попрскувам од таа мешавината што ја пиша ти, оставам да отстои 5 мин и ги перам во машина со малку прашок и2-3 капки масло од чајно дрво.

За флеки од антиперспирант на маичките напрскајте оцет нека отстои и во машина најнормално. Гарантирано успева. Може за сите бои алишта.

За исчистување на нови крпи, да отстојат во сода и вода преку ноќ, се плакнат и после при перењето во машина, кога ке почне да плакни машината се сипува 1/4л оцет да се исчисти митарењето на новите крпи.

За да не ви фаќаат црните панталони бели влакненца, исто во првото плакнење малку оцет.

За ќебињата и волнените работи да се супер меки, истото од горе.

Све ова сум испробала и делува. Нема мирис на оцет, а за супер осетливите носови само треба уште едно плакнење.
Следниве корисници изразија благодарност: Elijana, sole

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 06 Авг 2011 09:13 #147246

  • Vasidora
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1173
macika напиша:
Јас по рецептото на Васидора синојка употребив хидроген 3% и муфлата ја исчистив од кај кадата.

Ти благодарам Васидора многу се добри советиве.


Мацика, баш ми е мило. Кај баба ми цел зид од мувла исчистивме со хидрогенот, дури е подобар и од тој Саво ли не знам како се вика за мувла што е.

Мувлата исто ја убива и жешката пареа, но не сум пробала.

Ајде женски, пишувајте и вие некои вакви финти ако знаете. Или ако испробате, кажувајте резултат.

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 06 Авг 2011 09:32 #147249

  • mamatobe
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1429
Za cistenje na soljata pod rabovite procitav na net nekoj nacin - da se natopat hartieni brisaci vo ocet (valda moze i kombinacija so hidrogen, cajno drvo itn), da se oblozi so niv delot pod soljata i da se ostavi da otstoi. Potoa se plakne.

Mozda ke funkcionira
Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.

Every passing minute is another chance to turn it all around.
Следниве корисници изразија благодарност: sole

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 06 Авг 2011 12:45 #147269

  • Fairy
  • Присутен
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 1869
vasidora напиша:
Мувлата исто ја убива и жешката пареа, но не сум пробала.

Ајде женски, пишувајте и вие некои вакви финти ако знаете. Или ако испробате, кажувајте резултат.


Kaj nas na fugite od plockite imase crni tocki koi se nekoj vid na muvla, pogolemiot del jas gi iscistiv so zeska parea no so parocistac. Znaci go imam onaj od Top Shop H20 Mop, ne izleguvaat od ednas, no veke tretiot pat se gledase rezultat

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 06 Авг 2011 18:45 #147304

  • bart
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 2894
bart напиша:
Каков оцет употребуваш во ситуацииве? Алкохолен 9%?


Фала. Дури сега приметив дека на почеток на темата си пишала. Направив грешка: требаше тебе да те цитирам, не мене.

Малце е вон тема, ама чисто како пример- сода бикарбона често користам како талк во патики, затоа што ја „убива“ миризбата.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 06 Авг 2011 18:48 Од bart.

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 07 Авг 2011 09:46 #147348

  • Vasidora
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1173
Да барт, исто за замирисани пластични кутивчиња за чување храна може да се стави сода и вода да преноќи за да се одмирисаат.

Истот важи и за мрсни пластични садови кои не сте успеале да ги одмастите само со сјај и вода. Во принцип содата чисти мрсни работи од плочки, текстил и сл.

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 07 Авг 2011 13:23 #147363

  • mamatobe
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1429
Eve me mene so prvite rezultati vo kupatilo
Kupatiloto go iscistiv spored instrukciite na Vasidora (samo bez maslo od eukaliptus) i se izleze super!

Muvalata se iscisti so hidrigenot, cekam samo na edno mesto da mi se isusi fugata pa da vidam i tamu, ako ne ke povtoram uste ednas.

Lavaboto i kadata gi iscistiv so soda bikarbona i prebrisav so krpa so ocet. Neznam dali si umisljam, ama od ocetot svetnaa poveke otkolku so bilo koe drugo sredstvo! Posle ova ne mi pagja na pamet da koristam domestos ili bref i da si goram racete i da mi se losi od mirizbata.

Soljata ja dezinficirav so ocet i 3% hidrogen, isto i caskata za cetki za zabi.

Fala ti Vasiodra za sovetive
Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.

Every passing minute is another chance to turn it all around.
Следниве корисници изразија благодарност: Vasidora, sole

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 07 Авг 2011 13:40 #147366

  • Vasidora
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1173
E баш ми е мило маматобе. Ке видиш како за некое време нема ни да ти текне на Доместос. И после неколку чистења нема ни да ја приметуваш миризбата на оцетот додека чистиш, а ако ептен ти смета само стави некое етерично масло и ќе мириса на нив.

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 09 Авг 2011 11:29 #147520

  • julija
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 265
Za kakva soda stanuva zbor ??Kade ja ima?

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 09 Авг 2011 11:53 #147522

  • mamatobe
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1429
Julija, najobicna soda bikarbona, sto se pie koga te boli zeludnik Ja ima vo site marketi.
Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.

Every passing minute is another chance to turn it all around.

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 11 Авг 2011 07:44 #147709

  • Vasidora
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1173
Вчера ми ја донесоа новата машина за перење и со неа идеше она лентичето за тестирање на тврдината на водата. Бидејки знам дека Скопјево има многу тврда вода (со четири розеви квадратчиња), тестирав со чаша вода и ептен малку сода бикарбона и воала само едно розево квадратче. Значи докажано дека содата ја омекнува водата. Заклучок, ако користите сода бикарбона заедно со прашокот, дозирањето на прашокот може да биде како она за перење со мека вода.
Следниве корисници изразија благодарност: sole

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 11 Авг 2011 08:03 #147712

  • Meyo
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2260
A dali imate iskustvo so predmeti koi se za perenje, kako topkata od topshop za perenje bez prashak ili krpata za aktiviranje na vodata od RSI. Jas gi kupiv dvete bidejki mnogu sum alergicna i osetliva na prashoci,pa trosham mnogu struja bidejki mashinata ja pushtam 1 so prashak i uhte 2 pati samo so voda. Ama voopshto ne sum zadovolna, mozebi ne gi upotebuvam pravilno . Krpata ja upotrebuvam za mienje na ovoshje zelencuk i salati a topkata za perenje ama alishtata se kako samo niz voda pominati. Inache koga decata mi bea bebenca kupuvav od prashokot ekoloshki od RSI (koi pishuva deka tolku e netoksichen shto moze da se pie?!) i navistina se sredi alergijata kaj decata, no sega se pogolemi flekite potvrdokorni a toj bash i ne e dobar za fleki.. Nekoj predlog?
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 11 Авг 2011 14:19 #147761

  • Fairy
  • Присутен
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 1869
Mama-Maja i jas gi koristam eko topkite od top shop, no bidejki peram pretezno na 60 stepeni flekite ni mi se vadat,(ako se pere na povisok T togas ne e problem, i majka mi gi koristi i e zadovolna), pa zatoa praktikuvam sekade kade sto ima fleka od bilo sto da ja premackam so obicen sapun za perenje, i vednas gi stavam rabotite vo masina, mometalno koristam Merix. Zadovolna sum od efektot, stedam na prasak i dopolnitelno plaknenje na alistata.
Bidejki nemaat miris koga ke se isperat za nasite koristam po nekoja kapka omeksuvac, a za alistata od maliot koi najcesto gi peram oddelno ili pak samo so odredeni nasi alista gi mesam primer so postelnina pizami i sl. togas kapnuvam po nekolku kapki tecen Persil, samo da mi dobijat malku miris na cisto.
Skoro pri sekoe perenje koristam, po edno lazice soda bikarbona plus.

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 11 Авг 2011 18:57 #147809

  • Frogy
  • Вози мотор
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1581
Васидора фала ти премногу ,после сите пробани детергенти за да ги извадам точките од шпоретот содата се покажа број 1!! Излегоа,да површината е иноксна,не ми текнуваше во моментот Со хидроген си ги исчистив фугите на плочките во купатилото,се прерадував

Сега имам друг проблем...со алиштата темни-црни,ги перам со течен детергент плус омекнувач,последните 5-6 пати ми се чини 100 пати ги преперив во машина со секакви други детергенти АМА мирисаат одвратно,како на мувла,како на стоени,недосушени така некако,и никако и никако неможам да му ја одземам миризбата!Совет?
Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.

Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
Следниве корисници изразија благодарност: Vasidora

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 12 Авг 2011 06:37 #147858

  • julija
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 265
Fala mamatobe ok e jas pomisliv da ne e ona soda sto e za odzatnuvanje odvodi.Fala mnogu mora da se isproba ovaj nacin mi izgleda lesno,eftino i kako sto kazuvaat mnogu efikasno,sto ke ni se togas ovie detergenti,hemikalii veke vo golemi kolicini gi vnesuvame doma a toa se cisti otrovi ,znaci od ova nema najdobro...fala vi na site

Ре: Природни нетоксични средства за чистење на домот 12 Авг 2011 07:04 #147859

  • julija
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 265
Ke ve molam a so sto moze da se iscistat rosfajtni tendjerinja i ovali???
Модератори: mamicka, Molly
Страницата беше креирана за: 1.15 секунди
Банер
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.