Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија...
(1 посетител/и) (1) Гостин
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија...

Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 05 Мар 2011 23:01 #119642

  • Goddess^
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
На мм му се појавија отоци на 3 места помеѓу пршлените кои му ги притискаат и постепено оштетуваат нервите. Во моментов е во акутна состојба, прима инфузии/терапија и инекции, му трнат и од време на време не ги осеќа нозете, ама се надеваме дека кога ќе спаднат отоците овие симптоми ќе исчезнат....
Ме интересира дали некој друг имал ваков проблем, како го решил (т.е. контролирал) и дали некој слушнал за еден доктор-специјалист за дискусхернија во Белград, кој имал и своја специјализирана болница за ова и гарантирал дека од еден третман (кој чинел 3000 динари) пациентот никогаш повеќе нема да има проблем?
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
Последна промена: 06 Мар 2011 03:46 Од Big Sister.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 07 Мар 2011 07:00 #119979

  • TIFANI
  • Вози мотор
  • junior
  • The happines is in the small staff
  • Теми: 639
Имам дискосхенрија на вратот.Во 2008 имав страшни болки.Си купив масажер-фотелја,ја макнев по аеродроми,се со цел да ми помогне.Потоа одев на тие креветите мислам дека се викаат Мигун,не сум сигурна-заборавив.Направив терапија од околу 30 дена на мојата фотелја,потоа одев на терапија во Негорски банји со медецински масажи и почнав со аеробикот.
Фала на Бога отогаш не сум имала баш некои болки,ама знае зимата онака кога се менува времето да ме заболи.
Разговарав со доктор во Англија,а овде со д-р Зафировски,ми кажаа дека има секакви терапии,третмани,лекови,ама дека засекогаш ке го решат проблемот тоа-никако.

Ви советувам да си прашате за тие Мигун креветите,навистина помагаат,ги имаат приватнјаци,а исто и во банјите.
Се надевам дека нешто помогнав:
You make me happy
Следниве корисници изразија благодарност: Goddess^

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 07 Мар 2011 18:45 #120078

  • Goddess^
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
Фала ти многу Тифани , секое споделено искуство помага
Пристигна Божицата на 03.02.2011!

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 28 Јан 2012 21:01 #177146

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7257
Jа се мачам со дискусхернија долги години, ама не знаев дека е тоа до пред 3- 4 месеци. Бидејќи се имам лечено од дете од проблеми со исчашени колкови, мислев дека проблемот се вратил и затоа осеќам болки во кичмата (послабо), во колкот, надолу по цела нога, во коленото до малиот прст.
И конечно пред 3-4 месеци правев компјутерско снимање, каде се покажа проблемот
И не е мал. А лечење нема, освен што скоро секој ден пијам наклофен капсули, оти без нив не ќе можам да станам од болка.
Сега дознав во една ординација има доаѓа лекар кој помага со акупунктура, па ми препорачаа и други да се обидам. Имам закажано во понеделник, па ќе видиме резултат.
а спомена лекарот дека е можно да ми препорачаат и некои инекции, ама за тоа потоа.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 28 Јан 2012 22:29 #177159

  • yarre
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1080
Ако е тој у тафталиџе, заобиџи ! Добра прича е само. Топла препорака, хомеопатија.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, kiki

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 29 Јан 2012 01:05 #177175

  • Mama Sani
  • Вози мотор
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
Big sister наклофенот е штетен за желудникот доколку често и долго се зема. Мајка ми има дискус хернија и донекаде ги санираше тегобите кај еден физиотерапевт од Бугарија што има ординација во Козле. Одеше на неколку серии терапии и доста и помогна.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, vistina

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 29 Јан 2012 11:13 #177184

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7257
Не, не е во Тафталиџе. Ова е кај влада на РМ, во близина. Инаку искрено некако во хомеопатија не верувам баш, така што ќе ја одминам.
а за наклофенот знам дека се штетни, па ги избегнувам кога можам т.е не ги земам баш секој ден.
сега ќе видиме што ќе биде кога ќе отидам ваму каде што закажав за утре.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 14:00 #177359

Ане со лесно. Знам дека болките се ужасни зашто татко ми страда од дискусхернија. Операција не се препорачува, па чарето е мирување онолку колку е потребно-ако мора и со недели да си во кревет,и откако ќе се смири ситуацијата, внимавање екстремно-да не креваш тешко, да не се напрегаш физички..биди мнооогу претпазнлива со надри-лекари, физиотерапевти, масажи-можат да ја влошат ситуацијата, многу е деликатно.
Инаку внимателно со јаките лекарства како што ти кажа и Сани. Татко ми од премногу и пречести кетонали и апаурини (иако ги примаше интравенозно-но секојдневно, зашто имаше неподносливи болки) доби крвавење во желудник и му пукна чир па одвај го спасија...

Брзо и лесно да ти помине.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 14:14 #177364

  • Goddess^
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
Ане, ме виде каква сум - и мене ми е дискус хернија + сколиоза + лумбоишијалгија, и добив препорака како на Синоличка - во акутна состојба треба само одмор, никакви терапии, акупунктури, вежби или бањи. Откако ќе се смири нервот (освен за болка, друго нема што да пиеш, знам) треба внимателно бирање на кого ќе му се ставиш во раце за да те „исправува“
И мм долги години страда од дискус хернија, и најмногу му помагаат истегнувања на вратило и вежби и истегнувања на пилатес топка. Исто има едни вежби кои секое сабајле треба да се прават, да ги најдам и ќе ги постирам.
Ако сакаш препорака, ти кажав и претходно за охриѓанецот кој го стана мм од кревет за само 10мин, а за 1 недела можеше и да вози до Грчка и назад Ај со среќа и со лесно
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 14:21 #177367

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7257
фала ви за совети девојки.
инаку моментално не сум во акутна состојба. т.е кај мене проблемот е што се појавуваат болките и исчезнуваат. па после пак одново.
човекот кај кој ќе одам не е надрилекар ниту приучен. и јас сум против таквите. туку е стручњак во таа област - проблеми со кичма и тн...
и доаѓа од Белград овде во оваа ординација еднаш неделно.
ајде да одам денес па ќе пишам искуство.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 14:25 #177368

  • Goddess^
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
Big Sister напиша:
т.е кај мене проблемот е што се појавуваат болките и исчезнуваат. па после пак одново.


За ваквото „враќање“ на состојбата најважно е секојдневното вежбање и истегнување, само така се намалуваат шансите за повторна акутна состојба....и + можи да изгубиме и некое килце
Пристигна Божицата на 03.02.2011!

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 14:40 #177372

  • vistina
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 245
So diskus hernija sum i jas veke nekolku godini , sega mnogu mi pomaga No-dol mast koja e na prirodna baza , bidejki dojam taa ja koristam i iskreno ne veruvav deka ke mi pomaga no eve deluva mi ja smaluva bolkata pogotovo nasabajle...
Se drugo Gododess kaza, samo bezbanje mu e majkata, no otkako ke se smirat bolkite,
a zaboraviv da pisam deka mi pomagaat i onie leplivi lenti - flasteri...sto se prodavaat vo apteka, neznam tocno kako se vikaat no se lepat na kicma i za kratko vreme gi ublazuvaat bolkite... i
Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.
Последна промена: 30 Јан 2012 14:47 Од vistina.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 14:52 #177374

  • Goddess^
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
вистина, јас знам дека Но дол е за болки во зглобови, а и не можам никаде да ги најдам состојките на маста
Иначе јас првите 2 дена во акутната состојба примив Нифлам инекции и витамински инфузии, за после кај специјалистот да дознаам дека не сум смеела пошто се` уште дојам, па ми препиша Дијазепам, Аналгин, Бруфен и гел (Реумадол мислам дека се викаше, не ја земав). На комисија кога ја видоа препишаната терапија и фактот дека дојам, докторката ме праша: А зошто физијатарот ви препишал Бруфен ако доите?? Еееее, не знам жено, не сум докторка, друг треба тоа да го мисли за мене!!

Иначе има една многу добра нова финска крема за ладење на природна база, ја носи Еурофарм. Ја купив пред некое време и стварно ја намалува болката и го „отапува“ местото
Пристигна Божицата на 03.02.2011!

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 14:58 #177376

  • vistina
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 245
Tocno za zglobovi pisuva deka e no ete mene mi pomaga za ublazuvanje na bolki vo kicmata, bidejki se imam otrueno so analgetici za kivcmava a sega ne smeam da gi pijam ovaa mast stavrno mi pomogna inaku sodrzi aloe i nekoi bilki na ESI e eve sto pisuva : Glukosamine, MSM, Willow, devils claw, aloe i arnica. a i na polovinata ima zglobovi ako ne se lazam ili ne?
Сликата е сокриена за гости, најави се за да ја видиш.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 15:04 #177378

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7257
Kaj mene ne e problemot samo bolki vo kicma, tuku pogolem e. bolkata se siri nakaj nozete, pa vo kolkovite osobeno po celata desna noga, muskulot kolenoto, do dolu do prstite.
probuvav i terapija lani odev, mada mi ja dadoda za nogata mislejki deka problemot e vo kolkot. a sega ispadna sosema drugo.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
Модератори: Molly
Страницата беше креирана за: 1.80 секунди
Банер
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.