Добродојде, гостин
Корисничко име Лозинка: Запомни ме

Термички необработена храна
(1 посетител/и) (1) Гостин
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3

ТЕМА: Термички необработена храна

Ре: Термички необработена храна 04 Јун 2012 22:25 #202099

  • bubamara
  • Вози мотор
  • Moдератор
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
За сировата храна многу нешта како информација имам најдено на профилот на др. Слаџана Велков и сега не сум претерано упатена ама според моите впечатоци жената е гуру во оваа област. Сирнете на ФБ ќе најдете отворени групи, т.е. нејзини следбеници и исто така и од нив многу работи се дознаваат.
Јас искрено не сум тип кој би можел да се посвети толку на правење на сите тие врсти на јадења, мислам за да се јаде сировава храна треба човек стварно да и се посвети, точно и овошјето и зеленчукот најчесто ги јадеме сирови, ама сите тие други специјалитети, главни јадења, посластици и што ти не, според мене захтеваат многу време, нерви и максимална посветеност комплетно на таквиот стил на живот. Не ретко луѓето кои се посветени на ваквиот начин на исхрана, исто така практикуваат и гледање во сонце и не се сеќавам кој беше оптимумот кој треба да го постигнат, започнуваат со 10 секунди и тоа се прави секој ден во интервал од денот кога сонцето не е претерано јако. И сето ова нели во остварување на истата цел заедно со сировата храна. Пак ќе речам за себе, не ми е мака ни да пробам ни ништо, ама ова ми е еден баш захтевен зафат и ако еднаш се фатиш на орото треба да си зарташ дека тоа ќе биде твојот стил на живот, а не некој моментален хир како што би било кај мене

Небо, конкретно за компирот, јас пред два дена се наканив да пробам, а деновиве ќе почнам и да го конзумирам како една врста на терапија да речам за подобрување на варењето, цеден сок од еден жив компир, јаболко и морков. Исто бев во недоумица заради тоа дека компирот сиров, па нели деца кога бевме се лажевме дека ако јадеш жив компир ќе дигнеш температура..е сега не зна дали самиов микс не дозволува температура или во заблуда сме биле за компирот, ама во оваквата комбинација дефинитивно не доаѓа до таквата нус појава. Рецептов првин го слушнав од една роднина за на крај на неколку сајтови кои се занимаваат општо со здрав начин на живот да го сретнам и малтене се смета како еликсир на здравјето.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo

Ре: Термички необработена храна 04 Јун 2012 22:26 #202100

  • Frenky
  • Вози мотор
  • Васе Султанa
  • Теми: 4099
eve jas znam za kompirot, denes chitav za nego. ne go jadat tuku pravat sok zaedno so drugi zelenchuci i toa go pravat so godini bez problem. po se izgleda e mit deka svez komir ne chini da jadesh, navodno temperatura se krevalo. barem jas taka znam.

tikvicata i modriot patlidzan bez problem mozesh svezi, ova ti garantiram.

za kombinacii pojma nemam.

inaku nie doma so godini ne meshame produkti, ova vazi za ruchekot. se naviknavme taka i na site ni godi. decata vekje znaat da izreagiraat ako baba im stavi vo tanjir kompir, meso i leb. site mandzi mi se bez meso bez nieden iskluchok. meso spremam posebno samo so supa i salata. pasti i testa isto taka posebno...normalno deka ima iskluchoci ama retko. ne samo shto polesno se sprema ( se krati duplo vremeto za gotvenje) tuku i ona shto sonja pisha, ne ti e teshko vo stomak. imash chustvo kako da ne si jadel ama ne si gladen.

maja platnar i grupata ,,zdravo zivo,, na FB - najdobri se. dr. velkov se nasochuva i kon drugi raboti osven zivata hrana.
Последна промена: 04 Јун 2012 22:31 Од Frenky.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Синоличка

Ре: Термички необработена храна 04 Јун 2012 22:30 #202103

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7261
Nebo напиша:
Zasto eve neli kompir neobraboten ne ok da se jade (ne e valjda mit ova?). Na primer, jas jadam salata od rendan morkov i rendana zelena tikvica-smee tikvicava vaka da se konzumira?


Поентата на термички необработена храна т.е како што се нарекува уште жива храна - не е во тоа да не се обработи воопшто т.е да се јаде живо, сирово, како сакате кажете, туку се користи само деихдрирање на храната- се користи специјален апарат дехидратор или пак рерната дома, вклучена на 50 степени со подотворена врата и така се суши храната, онолку време колку што е потребно да биде вкусно за јадење.
јас пробав неколку специјалитети и ми се допаднаа. сирењето од ореви е феноменално. пицата- иста какобило која интегрална вегетаријнска пица. млекото од лешници е нешто многу, многу вкусно. а тек нутелата и палачинките со боровинки

Mama Vase напиша:


i jas sum za rabotilnica ama treba pobrzo da se reagira zoshto maja platnar (guruto za ziva hrana) spomna deka vcherashnata rabotilnica beshe posledna za letovo.


Зборнав на кратко денес со Маја, која ми рече дека ако има доволно заинтересирани може да правиме работилница. Само треба да знам точен број заинтересирани.
секако бидејќи таа готви и подготвува со свои состојки, се плаќа влез на таа работилница, каде се учат многу корисни работи и секој има прилика да проба од тоа што е зготвено.

Па ајде , пријавете се и да се организираме.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky, Nebo, vodolija, Синоличка

Ре: Термички необработена храна 04 Јун 2012 23:01 #202108

  • Mama Sani
  • Вози мотор
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
Се пријавувам, ептен сум заинтересирана. Одамна сакав да посетам една од работилниците на Маја Платнар.
Еве еден мој рецепт за жив пинџур кој е одличен за летниве горештини. Два домати, пет пиперки, еден модар патлиџан, две чешниња лук и оревчиња. Зеленчукот се чисти и се сецка ситно. Модриот патлиџан, исецкан на тенки кришки го сушите во слабо загреана рерна. Потоа се заедно се става во блендер и се блендира, на крајот додавате маслиново масло.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Синоличка, Зока

Ре: Термички необработена храна 04 Јун 2012 23:28 #202111

  • Meyo
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2260
Cedeniot sok za koj zboruva bubamara e modifikacija na brojsoviot, sluzi da detoksikacija na crniot drob.ne e mit deka ziviot komlir kacuva temperatura, no postojat kolichini koi treba da se izedat za da se aktivira imunoloshkiot sistem detektirajki toksin. So temperaturata sozdava avtoimuna reakcija, no pak za toa se potrebni kolichini. Brojsoviot sok se stava 25 gr kolku shto jas znam kako ziva doza. Plus so dodavanje na drugite produkti se zgolemuva peristaltikata vo zeludnikot i ovozmozuva brza eliminacija bez da sozdade problemi, dodeka bak zivite sostojki vo kompirot se mnogu korisni.

Jas ne sum ljubitel na kompletno ziva kujna i jas vo golem del ja primenuvam. Moja mnogu dobra prijatelka ima sajt forum itn za ziva hrana , buivalni se cela zaednica vo srbija vekje 20 godini. Mnogu raboti od nea imam naucheno , razni namazi, zivi corbi,salati , bombici i sl koi spontano mi se vlezeni vo kujnata, pa gi pravam isto kako shto bi napravila sarma ili sl..

Jas zivata hrana najcesto ja upotrebuvam vo vid na sokovi na gladen stomak. Zimno vreme pomalku poradi kvalitetot na ovoshjeto no eve denes so decaca za da zakrepneme vaka ni izgledashe denot

Porcii svezo ovoshje v denot kombinirajki gi po sostojki (flavonoidi, beta caroten, kalium, i sl)
shejk so kozjo mlekce.
Ceden sok
Mojot sok kajsii morkov, jabolko i krush
Detskiot, jagodi,banana aronija vo blender, krusha morkov, i seto toa razvblazeno so odstoena brusnica.

Sirovata hrana najcesto ja zastapuvam vo salatite bidejki sum goolem pobornik na 50 procenti ziva i isto tolku gotvena. Ja sakam filozofijata naenergetski razmeni so 5 elementi ,istochni filozofii koi forsiraat gotvena hrana. Sekogash pravam bogati kmbinacii so semki i cesto stavam ovoshje vo salatite.

Zivata hrana treba da se prifati vo vid na terapiska dnevna doza. Kako shto se prima sirup za imunitet, taka da se zastapi hlorofilna, flavonoidna i beta carotidna terapija,kako shto se pie neznam da recheme koktel za osteo poroza taka shejk koj sodrzi ziv kalcium. Vo sekoj sluchaj edno ogromno bravo za nivoto na svesnost koj go podigaat i Velkov,Maja platnar pa i Biban..
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
Следниве корисници изразија благодарност: bubamara, Frenky

Ре: Термички необработена храна 05 Јун 2012 01:29 #202120

  • TIFANI
  • Вози мотор
  • junior
  • The happines is in the small staff
  • Теми: 639
Jas se zanimavam so nutricionizmot,vnimavam na kombinaciite na hranata,se hranam zdravo,no ima nekoja hrana koja ne smee da se jade ziva.Toa znaci deka nema da mozeme da jademe nitu gravce,grasok,leka,boranija,zasto neli zivi nemozeme, a znaeme deka zrnestata hrana e zdrava.I dr.Biba zboruva za zdravata ishrana,no nejzinata ishrana ne e celosno ziva.

Zivata hrana e zdrava i zaradi rastitelnite vrakna t.e celulozata.Toa se eden vid jaglenohidrati koi ne se apsorbiraat(ne primenuvaat vo krvta).Organizmot ne moze da gi koristi kako izvor na energija.Seta vnesena celuloza se isfrluva preku stolicata.Porano toa,do neodamna ne i se pridavalo pogolemo fiziolosko znacenje.Najnovite soznanija ni govorat za goelmata vaznost,tie sluzat kako cistaci na crevata,vpivajki gi site otrovi i otstranuvajki gi site stetni supstancii,kako sto se zolcnite kiselini koi mu prethodat na holesterolot.Rastitelnite vlakna vpivaat mnogu voda,so sto go zgolemuvaat isfrluvanjeto na stolicata.
Ako hranata sodrzi malku rastitelni vlakna,zatoa sto ne se vnesuva dovolno kolicestvo na ovosje i zelencuk,stolicata e tvrda,suva i crevata tesko ja isfrlaat.A celulozata(rastitelnite vlakna),se isklucitelno od rastitelno poteklo.Nitu eden produkt od zivotinsko poteklo ne sodrzi celuloza.

Kako sto spomna i Meyo,treba da se zima doza na ziva hrana,no celosno nemozeme zasto ke treba da se otkazeme od drug vid na zdrava hrana koja mora da bide prigotvena.
You make me happy
Последна промена: 05 Јун 2012 01:31 Од TIFANI.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo

Ре: Термички необработена храна 05 Јун 2012 08:57 #202142

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7261
TIFANI напиша:
Jas se zanimavam so nutricionizmot,vnimavam na kombinaciite na hranata,se hranam zdravo,no ima nekoja hrana koja ne smee da se jade ziva.Toa znaci deka nema da mozeme da jademe nitu gravce,grasok,leka,boranija,zasto neli zivi nemozeme, a znaeme deka zrnestata hrana e zdrava.I dr.Biba zboruva za zdravata ishrana,no nejzinata ishrana ne e celosno ziva.


Со ваков начин на подготовка може да се јаде се. имам гледано рецепти подготвени на овој начин - супа од грашок, хумус од леќа, хумус од грав, леб од изртена пченица и тн....
исто се користат многу семиња од тиква, лен, сончоглед и др.

Веќе напомнав- не е храната ЖИВА, туку е дехидрирана, обработена со сушење, додека зрнести зеленчуци и житни култури се киснат во вода пред да се приготват.

буквално СЕ‘ може да се подготви и конзумира само треба да се знае точната постапка.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола
Последна промена: 05 Јун 2012 08:58 Од Big Sister.

Ре: Термички необработена храна 05 Јун 2012 09:17 #202144

  • Meyo
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2260
Raw food e nachin na ziveenje, bara mnogu posvetuvanje, i se slozuvam SE moze da se konzumira zivo, bukvalno se.. Toa shto nemoze se podlozuva na fermentacija od prirodni kvasni gabi.. No koj kako kje se pronajde. Go imam i kurson na biban pominato, na Maja platnar ne no vo srbija kaj drugata prijatelka. Oni funkcioniraat kako zaednica, go ogleduvaat svojot zelenchuk, vo golem del ziveat na selo za da izbegnat zagadeni srednini, bidejki po mene poentata na ziva hrana kupena od tezga vo VEro, malku mi e diskutabilna. Da dehidrram grashok ili pcenica od staro seme koe e doneseno od cista edina, se dve race kje potpisham, no da go kupam od pazar od nepoznato poteklo KOJA E POENTATA koga mozebi sodrzi pesticidi i otrovi.

Zatoa smetam deka od predavanjata na platnar treba da se prezeme MNOGU i da se vkluchi vo redovnata ishrana po mene ne e mnogu soodvea za moderen covek koj zivee pazaruva sred skopje. No ova e moe mislenje neli.

Sekako sekoj SEKOJ , treba bar 50 % od se shto vnesuva da bide zivo. Taka da seminarot mislam deka e mnogu pouchen za da se infiltrira vo nashite potrebi. Jas branam stav deka mnogu pogolema shteta moze da napravi neshto ako go pravime so maka i kako opteretuvanje samo zatoa shto e zdravo,odkolku so merak da se pravi, makar i ne bilo se zivo.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, sole, Zoja

Ре: Термички необработена храна 05 Јун 2012 10:45 #202162

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7261
Meyo напиша:
Da dehidrram grashok ili pcenica od staro seme koe e doneseno od cista edina, se dve race kje potpisham, no da go kupam od pazar od nepoznato poteklo KOJA E POENTATA koga mozebi sodrzi pesticidi i otrovi.


Секако супер би било да имаме пристап до органски одгледана состојки и да може секој да си дозволи, но има еден важен момент во подготвувањето на ваква храна - секоја состојка претходно си има период на КИСНЕЊЕ во вода, за кој период се прочистува од штетните материи.

Е па и најобично овошје да го купиш за секојдневна консумација, сите знаеме дека препорачливо е прво да се покисне во вода одреден период, не само да се измие под млаз, па да се јаде.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола

Ре: Термички необработена храна 05 Јун 2012 11:41 #202186

  • Nebo
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1554
Ok deka se' moze da se jade "zivo"-so dehidriranje, ama me interesira sto se moze da se jade bas onakvo, samo izmieno, vo salata???? Bas zaradi toa sto ne mozam celiov nacin da go primenam, eve da pravam najraznovidni salati.

Ре: Термички необработена храна 05 Јун 2012 16:03 #202221

  • Meyo
  • Вози мотор
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2260
Nebo..

Jas pravam polni salati, vo niv stavam svezi bilki zachin -magdonost, vlastec, kiselec, bosilek, nane, magdonos, rukola..

Kako podloga zelena salata, crvena salata, zelka, kineska zelka

Od ona shto vnatre stavash, pokraj standardnite krastavici patlidzani, piperki, rokvici mozesh da stavish i bela trupka, dajkon , rendani morkovi, ziva brokula sitno isechkana, ziv karfiol. Tikvici na tenki livchinja, jas cesto stavam i jabolka i krushka vo salatata,

Ubavo da si stavish balsamiko, i maslinov zejtin, lukche kromidce, Jas cesto stavam i parmezan izrendan, i limun isceden pokraj basam ocetot. Ako sakash ushte pozdravi varijanti na zakiseluvanje imash orizov ocet, ocet od umeboshi slivi seto toa se fermentiani produkti , mnogu zdravi.

A ostatokot od ii produkti mozesh da go zastapish preku uzini od ovoshje i kokteli od cedeni ovoshje.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo

Ре: Термички необработена храна 05 Јун 2012 22:02 #202261

  • TIFANI
  • Вози мотор
  • junior
  • The happines is in the small staff
  • Теми: 639
[quote="Big Sister" post=202142]TIFANI напиша:


Со ваков начин на подготовка може да се јаде се. имам гледано рецепти подготвени на овој начин - супа од грашок, хумус од леќа, хумус од грав, леб од изртена пченица и тн....
исто се користат многу семиња од тиква, лен, сончоглед и др.

Веќе напомнав- не е храната ЖИВА, туку е дехидрирана, обработена со сушење, додека зрнести зеленчуци и житни култури се киснат во вода пред да се приготват.

буквално СЕ‘ може да се подготви и конзумира само треба да се знае точната постапка.



Ane te razbiram i jas gi ostavam zitarkite da izrtat i taka gi jademe,toa mi e OK,go stavam i gravceto vo voda pred da go varam,no neli sepak grafceto mora da se vari otkoga ke nababri taka??? I so varenjeto potoa se smeta za neobrabotena hrana ?

A za semenkite soncogledot,lenenoto seme,intregralniot susam,semkite ot tikvi,za niv nema dilema,tie i taka gi jademe nemora nisto prethodno da im pravam
You make me happy
Последна промена: 05 Јун 2012 22:05 Од TIFANI.

Ре: Термички необработена храна 05 Јун 2012 22:08 #202265

  • bubamara
  • Вози мотор
  • Moдератор
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
Баш сосема случајно прочитав за црвената леќа дека се смета исто за raw поради фактот што одкако ќе одкисне и се потребни само некои си 10 минути за да се свари. Во групата која ја пратам имаше некаква дебата и повеќето се сложија за ова.

Ре: Термички необработена храна 05 Јун 2012 22:37 #202273

  • Big Sister
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7261
TIFANI напиша:


Ane te razbiram i jas gi ostavam zitarkite da izrtat i taka gi jademe,toa mi e OK,go stavam i gravceto vo voda pred da go varam,no neli sepak grafceto mora da se vari otkoga ke nababri taka??? I so varenjeto potoa se smeta za neobrabotena hrana ?

A za semenkite soncogledot,lenenoto seme,intregralniot susam,semkite ot tikvi,za niv nema dilema,tie i taka gi jademe nemora nisto prethodno da im pravam


За житарките пченица, овес и др. сум сигурна дека се киснат, мелат и користат во подготвувањето на јадења, па потоа се дехидрираат т.е сушат.
а за гравчето не сум доволно информирана дали по киснењето се вари, па се користи, така да не можам да тврдам нешто кое не го знам.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„
Никола

Ре: Термички необработена храна 10 Сеп 2012 09:21 #212829

  • dcernih
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 1
Ova e super, zainteresirana sum za rabotilnica.
Poveke godini se trudam da se hranam taka.
Kako da stapam vo kontakt so Maja Platnar?
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
Модератори: mamicka, Molly
Страницата беше креирана за: 1.14 секунди
Банер
Банер

Приватни пораки

You are not logged in.