Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Правила за учество во форумот Стручни совети!

Правила за учество во форумот Стручни совети! 17 Дек 2009 22:32 #29

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Самиот наслов на подфорумот Стручни совети кажува дека добиваме совети од стручните соработници на форумов.
Ве молам да не ги спамувате темите со постови од типот: потпис... додека дојде лекарката јас ќе ти одговорам... благодарам, знаев дека можам да сметам на вас... цитати во цитати, општа дискусија, поздрави, честитки и слично. Таквите пораки ќе бидат бришени. Нашите соработници знаат дека сме им бескрајно благодарни за нивната добра воља и желба да помогнат, и таа благодарност може да се искаже и во самиот пост со прашањето или со едноставен клик на копчето „благодарам„.

Да го задржиме квалитетот на темите и да им овозможиме и на членовите и на стручните соработници да можат полесно и побрзо да се снајдат низ многубројните прашања и одговори, со тоа што ќе ги оставиме да одговараат оние на кои е наменето прашањето.

Ако сакате некому да одговорите, наместо на стручната тема, направете го тоа по пп. На тој начин и на уредниците ќе им биде многу полесно да ги одржуваат темите, а секој член ќе може најбрзо да го најде својот одговор.
Значи - прашуваат членовите, одговараат само стручните соработници.
Благодарам
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 13 Апр 2011 15:20 by Big Sister.
Темата е заклучена.
Следниве корисници изразија благодарност: viva

Ре: Правила за учество во форумот Стручни совети! 26 Мај 2012 10:45 #200620

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7903
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Напомена - Целокупната содржина на веб страницава, вклучувајќи ги и медицинските совети, е само од информативен карактер. Никако не треба да ги сметате за конечно решение на одреден здравствен проблем или поставување дијагноза. Секогаш побарајте директен контакт со Вашиот лекар, за било какви недоумици или проблеми, поврзани со Вашето или здравјето на други личности.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Темата е заклучена.